Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео)
„Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоците од храната што ги оставија луѓето кои седеа на масата, а келнерот немаше време да ја раскрене“, пишува во описот на видеото кое е снимено во САД.
Мечките, се чини, се вообичаена глетка во гратчето Гатлинбург, во државата Тенеси во САД.
Тие често се симнуваат во градот, а бидејќи цел живот се покрај луѓето, тие се мирољубиви и најверојатно, низ годините, нашле начин да се интегрираат во општеството.
Па така, мечка неодамна слезе од блиската планина во градот, па си седна на столче во еден ресторан.
Гостите кои беа на масите во близина ја снимија, а видеото го објавија на Јутјуб.
„Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоците од храната што ги оставија луѓето кои седеа на масата, а келнерот немаше време да ја раскрене“, пишува во описот на видеото.
Коментарите под видеото се дека кога се гладни, мечките имаат обичај да се прошетаат низ градот во потрага по храна, но дека не им прават ништо лошо на луѓето.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело