Девојка од Лос Анџелес не оди на одмори затоа што нејзиниот миленик има анксиозност при разделби
Дали сте жртвувале досега одмор поради вашиот миленик? Би го правеле ли тоа константно?
Џанел Тсао (35) од Лос Анџелес пред две години ја вдомила птицата Туки, којa стана и ТикТок атракција.
Но, егзотичната птица станува анксиозна секојпат кога Џанел се дели од него, па затоа таа откако го има миленикот нема отидено на одмор.
Дали ова е вистинска љубов или жртвата е преголема?
Џанел не може дури ниту на неколку часа да го напушти домот ако не ангажира некоја возрасна личност да го надгледува Туки.
Туки е од семејството птици тукани, кои се познати по тоа што формираат моногамна врска, односно се приврзуваат само за една личност или животно во одреден миг.
Кога Џанел го напушта домот Туки е многу гласен сè додека таа не се врати.
„Знае да биде навистина иритантен, едноставно вреска“, вели Џанел.
Инаку, Џанел вели дека туканите одат во тоалет на секои 5 до 10 минути и дека изметот може да биде во која било боја од виножитото, затоа што консумираат свежо овошје, од типот на урми, боровинки и што уште не.
Дали сметате дека е преголема жртва да се жртвуваат одмори во име на миленикот или тоа е вистинска љубов и посветеност?
Фотки и видеа од секојдневието на Туки:
С. С. | Црнобело