Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тажен ден во Скопје ЗОО - Од канцер почина јагуарката Инес

„Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест - денеска нè напушти, борејќи се со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи“ - велат од ЗОО Скопје за една од најстарите жителки за зоолошката.

tazhen-den-vo-skopje-zoo-od-kancer-pochina-jaguarkata-ines-01.jpg

Инес, јагуарката која долги години живееше во Скопје ЗОО, почина од метастазиран канцер и тумори на повеќе органи.

Веста за нејзиното угинување ја соопштија од зоолошката.

tazhen-den-vo-skopje-zoo-od-kancer-pochina-jaguarkata-ines-02.jpg

„За жал Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест.

Денеска нè напушти, борејќи се со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи.

Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме сè што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните.

tazhen-den-vo-skopje-zoo-od-kancer-pochina-jaguarkata-ines-03.jpg

Јагуарката Инес имаше 22 години, а просечниот животен век на овие величествени мачки во природата е од 12-15 години, додека во зоолошките градини најстарите животни доживуваат до 23 години.

Искрено ќе фалиш на целиот тим на ЗОО Скопје и зоонегувателите кои со години се грижеа за тебе. Беше една од највозрасните жители на зоолошката и чувана со многу љубов“ - пишува во објавата на Фејсбук.

tazhen-den-vo-skopje-zoo-od-kancer-pochina-jaguarkata-ines-04.jpg

Од Инес се прости и поранешниот директор на Скопската зоолошка, кој напиша:

„Мирно небо Инес. Беше најубава од сите“.

Погледнете ја објавата од Скопје ЗОО:

А. Ј. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Им треба простор, пренесуваат салмонела – Што треба да знаете за желките како миленици? Токму поради тоа што може да пренесат салмонела, не ја гушкајте или бакнувајте в...
Забавни илустрации што реалистично го прикажуваат животот со мачка Омилените места им се шкафот и вашиот ранец, а ако имате мачка, заборавете на ли...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кучињата растат пребрзо: Забавни пред и потоа споредби од миленици Дали и вие некогаш сте имале искуство да земете мало слатко кученце, кое потоа з...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Ракун во тоалет, мечка во двор – Луѓе споделуваат фотки од диви животни кои им дошле „на посета“ „Ракун ни провали дома – ни направи хаос во тоалетот“. „Утрово се разбудив и ме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg