Им треба простор, пренесуваат салмонела – Што треба да знаете за желките како миленици?

Токму поради тоа што може да пренесат салмонела, не ја гушкајте или бакнувајте вашата желка. Погрижете се за тоа децата да ги мијат рацете откако ќе ја допираат или ќе си играат со неа, дури и ако вашата желка изгледа здрава.

unikatni-domashni-milenici-no-mozhe-da-prenesat-salmonela-shto-treba-da-znaete-pred-da-se-odluchite-da-chuvate-zhelka-01.jpg

Желките се еден од најстарите видови влекачи на планетата. Нивната тврда обвивка и бавното движење ги прават уникатни миленичиња. 

Сепак, желките не се толку често застапено домашно милениче (барем кај нас), па, треба да имате предвид неколку работи пред да се одлучите да чувате желка.

unikatni-domashni-milenici-no-mozhe-da-prenesat-salmonela-shto-treba-da-znaete-pred-da-se-odluchite-da-chuvate-zhelka-02.jpg

Што треба да знаете пред да се одлучите за домашно милениче желка?

Имајте предвид дека на желките им треба посебна грижа и многу простор. Тие може да живеат многу години и продолжуваат да растат во текот на нивниот живот.

Ако сте заинтересирани за купување желка, треба да се одлучите каков вид сакате.

Различни видови бараат различни животни средини. Па, размислете и за другите главни аспекти за грижа на желките, вклучително и каде ќе ги чувате, што ќе ги храните и какви безбедносни услови можете да им пружите.

Пред да ја донесете желката во вашиот дом, имајте предвид дека тие може да им пренесат салмонела на луѓето, предизвикувајќи сериозна болест.

Па, не се препорачуваат желки за мали деца под пет години, постари луѓе или личности со нарушен имунолошки систем.

Токму поради тоа што може да пренесат салмонела, не ја гушкајте или бакнувајте вашата желка.

Погрижете се за тоа децата да ги мијат рацете откако ќе ја допираат или ќе си играат со неа, дури и ако вашата желка изгледа здрава.

unikatni-domashni-milenici-no-mozhe-da-prenesat-salmonela-shto-treba-da-znaete-pred-da-se-odluchite-da-chuvate-zhelka-03.jpg

Живеалиште за желката

За чување на желката, ќе ви треба соодветно осветлување, температура и систем за филтрирање на вода.

Ним ќе им треба простор да шетаат, а исто така треба да се погрижите живеалиштето да го чистите често.

На водните желки им требаат големи аквариуми со многу простор за пливање и место за излегување од водата и за седење под топлинската ламба.

Дури и на малите желки им треба аквариум кој не е помал од 29 литри.

Запамтете дека на желката ѝ треба многу простор за да расте.

unikatni-domashni-milenici-no-mozhe-da-prenesat-salmonela-shto-treba-da-znaete-pred-da-se-odluchite-da-chuvate-zhelka-04.jpg

Каква треба да биде исхраната на желката како домашно милениче?

Исхраната на желката зависи од видот желка што ќе ја изберете. Водните желки имаат различна исхрана од копнените желки.

Општо земено, желките јадат инсекти, риби, темнолиснат зеленчук

Ним им треба здрава мешавина од 80% зеленчук и 20% овошје. Желките сакаат лубеница и домати.

Колку храна ќе им дадете зависи од видот на желката и од нејзината големина.

Не мора да ја храните секојдневно, туку желката може да се храни четири до петпати неделно.

Ова не е случај кај младите водени желки, на кои им е потребно хранење секој ден.

unikatni-domashni-milenici-no-mozhe-da-prenesat-salmonela-shto-treba-da-znaete-pred-da-se-odluchite-da-chuvate-zhelka-05.jpg

Овие интересни животни навистина може да бидат супер домашни миленици. Сигурно ќе се опуштите и ќе се расположите гледајќи ги додека шетаат, се сончаат или одмараат.

Сепак, никогаш не треба да ги земате од дивината, а со соодветни услови за живот, игра и осветлување, вашето милениче може да живее долги години.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Камилите складираат вода во грпките: Популарни митови за животните (кои не се точни) Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат, а ајкулите се најсмртоносни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg