10 грешки со кои ѝ наштетувате на вашата мачка (и ѝ го загрозувате животот)

Не ја стерилизирате, не внимавате на големината на порциите и ѝ дозволувате да си игра агресивно со вас.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-01.jpg

Мачките се миленик кој не бара многу грижа.

Потребно е само редовно да им го чистите песокот, и да им давате храна, вода и, секако, многу љубов.

Сепак, без разлика што се независни животни, мора да обрнете внимание на некои работи за да ги заштитите.

Грешки со кои можете да ѝ наштетите на вашата мачка:

Не ја стерилизирате

Ако ја пуштате мачката надвор, препорачливо е да ја стерилизирате за да не се раѓаат мачиња кои ќе завршат на улица.

Исто така, мачките се територијални животни, па ако имате мачор, а не го стерилизирате, низ домот ќе си одбележува територија со урина, а може да биде и поагресивен.

Кај мачорите, кастрирањето го намалува и ризикот од одредени болести, како рак на тестисите.

Кај мачките, пак, го намалува ризикот од инфекции на матката и други болести, а и не заборавајте дека бременоста кај мачките не е без ризик.

Денес стеризлирацијата на миленици е рутинска и потполно безбедна операција и мачките закрепнуваат мошне брзо.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-02.JPG

Не обрнувате внимание на здравствената состојба

Ако забележите промени во однесувањето на мачката, никогаш немојте да го игнорирате.

Ако, на пример, мачката е полетаргична или јаде помалку или е поагресивна, голема е веројатноста да има некој проблем.

Па, секојпат кога ќе воочите промена, консултирајте се со ветеринар.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-03.jpg

Не внимавате на големината на порциите

И мачките се склони кон дебелина која, пак, може да биде причина за низа проблеми со здравјето.

Немојте да ја одредувате порцијата според амбалажата на храната бидејќи не сите мачки се исти.

Големината на порциите се одредува според возраста, полот, нивото на активност и големината на мачката, па за ова е најдобро да се консултирате со ветеринар.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-04.jpg

Не ѝ ја менувате водата редовно

Многу сопственици имаат забележано дека мачките сакаат да пијат вода од тоалетната школка, наместо од нивниот сад.

Некогаш мачките чекаат и да им пуштите вода од чешмата.

Причината е тоа што тие сакаат свежа вода, па кога не им ја менувате редовно, нема воопшто да пијат.

Потрудете се да ја менувате водата барем двапати дневно и секој ден мијте го садот.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-05.JPG

Не го чистите садот за храна

Дури и ако ѝ давате само сува храна на мачката, важно е да го миете садот по секој оброк.

Бидејќи садот стои на собна температура, на него лесно можат да се размножат бактерии кои, пак, можат да предизвикаат низа здравствени проблеми кај мачката.

10-greshki-so-koi-nashtetuvate-na-vashata-machka-i-go-zagrozuvate-zhivotot-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg