Опасно е да спиете со мачка или куче и уште 8 митови за милениците во кои не треба да верувате
Мачките не треба да пијат млеко, а спиењето со миленик не е опасно – напротив, може да ве релаксира и да го подобри квалитетот на сонот.
Постојат многу митови поврзани со милениците кои некогаш можат да бидат и причина за проблеми. Затоа, кога не сте сигурни дали нешто е вистина или лага, најдобро консултирајте се со ветеринар.
Во продолжение, пак, погледнете некои од најпопуларните митови во кои не треба да верувате:
Мит 1: Топлиот нос на кучето значи дека е болно
Иако кога се настинати кучињата можат да имаат зголемена телесна температура, а со тоа и потопол, сув нос, не значи дека ова важи секогаш. Единствениот начин да се осигурите дека кучето има температура е да му ја измерите.
Кога станува збор за симптоми, обрнете внимание на промени во неговото однесување. Односно, ако нема енергија, јаде помалку, пие помалку вода и слично, тогаш можно е да има некој проблем.
Мит 2: Старите кучиња не се дресираат
Воопшто не е точно дека само младите кучиња можат да се дресираат – кучиња се способни за учење на секоја возраст.
Иако постарите кучиња можеби ќе учат побавно, со трпеливост и добар тренинг можете да го постигнете посакуваниот резултат.
Мит 3: Миленикот може да јаде од вашата чинија
Додека вам сигурно нема да ви биде ништо ако миленикот јаде од вашата чинија, мачката или кучето можат да се соочат со многу проблеми ако им дадете храна непогодна за нив.
Многу намирници коишто се добри за нас се отровни за мачките и кучињата, па најдобро не ги навикнувајте милениците да ви јадат од чинијата.
Прочитајте повеќе: „Човечка“ храна која е штетна за вашето куче и со што да ја замените
Мит 4: Плунката на мачките и кучињата го забрзува зараснувањето на раните
Сигурно сте забележале дека кога ќе се повредат, мачките и кучињата си ги лижат раните. Поради ова се појавил и митот дека нивната плунка го забрзува зараснувањето на раните.
Но, нивната плунка не содржи ништо што би го забрзало овој процес и тие всушност ги лижат раните за да ги исчистат и со тоа да спречат појава на инфекција.
Па, ако вашето милениче има рана, не очекувајте самото да се погрижи за неа туку однесете го на ветеринар.