Опасно е да спиете со мачка или куче и уште 8 митови за милениците во кои не треба да верувате

Мит 5: Можете да чувате риба во кугла

Стаклените кугли се најпопуларен аквариум за оние кои чуваат една-две рипки, но ова е всушност сурово.

Во овие аквариуми нема место за пливање поради што можат да се појават секакви здравствени проблеми кај рибата, не можете да ја регулирате температурата на водата и според некои истражувања рибите не се воопшто среќни во вакви аквариуми.

opasno-e-da-spiete-so-machka-ili-kuche-i-ushte-8-mitovi-za-milenicite-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-06.JPG

Мит 6: Секој папагал може да научи да зборува

Повеќето папагали можат да научат да зборуваат или барем да повторуваат некои зборови, но не можете да бидете сигурни дека и вашиот ќе го прави тоа.

Причината за ова е, едноставно, карактерот на папагалот. Папагалите се многу интелигентни птици и ако не сакаат да зборуваат, колку и да се обидувате, нема да постигнете ништо.

opasno-e-da-spiete-so-machka-ili-kuche-i-ushte-8-mitovi-za-milenicite-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-07.jpg

Мит 7: Промените во исхраната се лоши за милениците

Како што вие не сакате трипати дневно, секој ден да јадете исто јадење, ова важи и за животните.

Што значи, за вашиот миленик е многу подобро ако му давате разна храна. Денес постојат безброј опции во продавниците, па навистина е лесно да му овозможите разновидна исхрана на миленичето.

opasno-e-da-spiete-so-machka-ili-kuche-i-ushte-8-mitovi-za-milenicite-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-08.jpg

Мит 8: Мачките сакаат млеко

Ова е дефинитивно најпопуларниот мит за мачките, а може многу да им наштети.

Мачките се нетолерантни на лактоза – една од главните состојки во млекото – па ако им давате млеко и млечни производи, ќе им предизвикате проблеми со дигестивниот систем.

Кога станува збор за пијалаци, за мачките ништо не ја заменува водата.

opasno-e-da-spiete-so-machka-ili-kuche-i-ushte-8-mitovi-za-milenicite-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-09.jpg

Мит 9: Опасно е да спиете со миленикот

Ако вашето милениче нема здравствени проблеми, не е воопшто опасно да спие со вас.

Всушност, истражувањата честопати покажуваат дека спиењето со миленик е и добро за нас – нè смирува и ни го подобрува квалитетот на сонот.

opasno-e-da-spiete-so-machka-ili-kuche-i-ushte-8-mitovi-za-milenicite-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg