Кој спие најчудно, кој спие најслатко - како спијат разните животински видови?
-->
Коњите можат да спијат додека стојат, китовите го држат едното око отворено, а моржовите ги забодуваат нивните заби во мразот.
Кога станува збор за спиење, ние луѓето сме едноставни – само легнуваме, ги затвораме очите и тоа е тоа.
-->
Но животните се соочени со многу опасности кога се надвор, па некои од нив развиле навистина интересни трикови. На пример, некои видри се држат за рака за да не се одделат додека спијат, а еден вид рибa прави цел меур околу своето тело за да се заштити.
Погледнете како спијат разните животни:
Коалите спијат на дрвја и секогаш ја прегрнуваат гранката или стеблото. Поголемиот дел од времето тие го минуваат во спиење – можат да спијат и до 22 часа.
Некои видови видри спијат во вода, притоа држејќи се за рака за да не се разделат.
Мајмуните познати како Japanese macaque многу сакаат топла вода и неретко заспиваат половина потопени во неа.
-->
-->
Меркатите спијат во нивните засолништа, најчесто на купче. Кога времето е потопло, знаат да заспијат и надвор од засолништето и тоа во многу слатки положби.
-->
Жирафите можат да спијат во најчудната положба – седнуваат на земјата, а главата си ја потпираат на задникот. Овие животни спијат по само 4-5 часа.
Како и секоја мачка, и лавовите сакаат да се испружат кога спијат, најчесто под сенка за да се заштитат од сонцето.
Продолжува на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба
Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки)
За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар?
Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот?
Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов
Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри
Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...