Вервериците посвојуваат „сирачиња“ кои ги дојат како свои - убави факти за животинското царство
Природата е навистина неверојатна, па не е ни чудо што секојдневно учиме нови информации за светот и она што нѐ опкружува.
Во животинското царство постојано се случува нешто интересно и за волја на вистината, сѐ уште не можеме да кажеме дека целосно сме го осознале светот на животните.
Се проценува дека на Земјата постојат приближно 8,7 милиони видови животни, а истакнато е дека оваа бројка постојано варира.
Постојат факти кои сме ги прочитале, некои од нив сме ги учеле на училиште, а има и такви кои допрва се обелоденуваат и полека излегуваат на виделина.
Затоа, во продолжение за вас ги издвоивме најсимпатичните факти поврзани со животинското царство кои со сигурност ќе ве заинтересираат:
Морските видри секојдневно жонглираат со камчиња и имаат свои омилени, кои ги чуваат во специјална торбичка.
Бремените делфини им пеат на своите неродени бебиња
Истражувачи откриле дека тие го испуштаат своето карактеристично „свирче“, што приближно би дошло како да ги учат бебињата да го препознаат своето име.
Рибите можат да ги идентификуваат човечките лица, а некои дури можат да научат сосема да ги препознаваат нивните сопственици.
Па, не е чудно што некои од сопствениците им зборуваат, зарем не?!
Кравите имаат најдобри пријатели.
Неколку студии покажале дека едни од најчувствителните животни се томку кравите, и самото одделување од нивните пријатели за нив претставува огромен стрес.
Возрасните верверици посвојуваат верверички „сирачиња“ кои ги дојат како свои.
Родителите папагали им даваат на своите деца уникатни имиња по кои тие се нарекуваат едни со други доживотно.
Кучињата киваат кога си играат за да ви сигнализираат дека добро се забавуваат.
Всушност, тоа е нивен начин да ви кажат дека целата нивна енергија е позитивна и тие си играат, а не напаѓаат.
Октоподите живеат во мали јами што ги украсуваат со камења и какви било други морски богатства на кои можат да ги навлечат пипалата.
Знаеме дека октоподите се многу интелигентни суштества, па затоа не треба да нѐ изненадува тоа што тие сакаат нивниот дом да биде стилски оформен.
Тигрите не можат да предат, па затоа кога се среќни тие намерно ги затвораат очите со цел да го искажат своето задоволство.
Малите слончиња си ги цицаат сурлите на сличен начин како што човечките бебиња ги цицаат своите палци.
Мила М. | Црнобело