Како да му ја направите бременоста на вашето куче што е можно поудобна?

Исто како на луѓето, и на кучиња им треба специјален третман кога се бремени. Потребна им е здрава и разновидна храна, безбедно место во домот и, се разбира, многу љубов од нивните сопственици.

kako-da-mu-ja-napravite-bremenosta-na-vasheto-kuche-shto-e-mozhno-poudobna-01.jpg

Ако вашето куче е бремено или се подготвувате за таков настан, добро би било да имате предвид некои работи и однапред да се подготвите.

Погледнете како да му ја направите бременоста на кучето што е можно поудобна:

Храна богата со протеини

На почетокот од бременоста не мора да правите големи промени во исхраната на кучето, само осигурете се дека ќе јаде разновидна храна со која ќе ги внесува сите потребни хранливи материи.

Истовремено, избегнувајте секаква храна што може да биде токсична. Добро би било да разговарате и со ветеринар, во случај кучето да прима некаква терапија – тој ќе ви каже дали ќе може да се продолжи терапијата во текот на бременоста.

Во поодмината бременост на кучето ќе му требаат повеќе калории, па ќе треба да ја зајакнете исхраната. Ветеринарите препорачуваат во текот на денот исхраната на кучето да се состои од најмалку 29% протеини, 17% масти, лесно разградливи јаглехидрати и хранливи влакна. Најдобро е да го храните кучето со специјална храна за кучиња.

Препорачливо е да му давате и храна богата со калциум фосфор – состојки кои го потекнуваат правилниот развој на коските кај кученцата. 

kako-da-mu-ja-napravite-bremenosta-na-vasheto-kuche-shto-e-mozhno-poudobna-02.jpg

Помали оброци

Наместо еден голем, на бременото куче многу повеќе ќе му годат неколку помали оброци во текот на денот, особено кога се наблажува денот за породување.

На овој начин кучето ќе се чувствува поудобно.

kako-da-mu-ja-napravite-bremenosta-na-vasheto-kuche-shto-e-mozhno-poudobna3.jpg

Осигурете се дека секогаш има пристап до свежа вода

Пиењето вода е исто важно колку и здравата исхрана. За да се осигурите дека кучето ќе пие доволно вода, низ домот и дворот оставете неколку садови и не заборавајте да им ја менувате водата најмалку еднаш дневно.

kako-da-mu-ja-napravite-bremenosta-na-vasheto-kuche-shto-e-mozhno-poudobna04.jpg

Продолжете со физичката активност

Не треба да го форсирате бременото куче, но добро би било да продолжите со прошетките, само сега нека траат пократко.

Доволно е да го шетате кучето 5-10 минути, неколкупати во текот на денот. Нормално, ако забележите дека е многу уморно и дека не му се оди, веднаш вратете го дома бидејќи, сепак, станува збор за бремена женка.

kako-da-mu-ja-napravite-bremenosta-na-vasheto-kuche-shto-e-mozhno-poudobna05.JPG

Обрнете внимание на хигиената на кучето

Продолжете да го бањате кучето како вообичаено, но во текот на бременоста добро би било да користите понежни шампони. Вашиот ветеринар сигурно ќе ви препорача нешто погодно за бремено куче.

Ако кучето претходно не сакало да се бања, во текот на бременоста оваа аверзија може да биде уште поголема, па особено важно е да бидете трпеливи. И секако, кога го бањате бременото куче немојте да го држите за стомакот.

kako-da-mu-ja-napravite-bremenosta-na-vasheto-kuche-shto-e-mozhno-poudobna6.JPG

Обезбедете безбедно место за породување

Штом ќе дознаете дека кучето е бремено, веднаш одвојте место во домот каде што ќе се чувствува удобно и каде што би се породило.

Ова место нека биде во потивок дел од домот, каде што никој нема да го вознемирува. Добро би било овде да ги ставите и неговите омилени играчки, ќебенца и слично за да се чувствува што е можно побезбедно и удобно.

kako-da-mu-ja-napravite-bremenosta-na-vasheto-kuche-shto-e-mozhno-poudobna07.JPG

Менувајте повеќе време со кучето

И кучињата минуваат низ хормонални промени за време на бременоста и можно е да бидат поприврзани за сопствениците во тој период.

Затоа, осигурете се дека ќе минувате многу време со миленичето и најдобро избегнувајте да го оставате дома само на многу долг период.

kako-da-mu-ja-napravite-bremenosta-na-vasheto-kuche-shto-e-mozhno-poudobna8.JPG

Однапред подгответе се за породувањето и малите кученца

Редовно носете го кучето на ветеринар кој ќе ви помогне полесно да ја следите бременоста. Истовремено, прашајте го што сè ќе ви биде потребно во домот откако ќе се родат кученцата.

Добро би било да го замолите да ви објасни како можете да му помогнете на кучето со породувањето и што точно треба да правите во тие моменти.

kako-da-mu-ja-napravite-bremenosta-na-vasheto-kuche-shto-e-mozhno-poudobna09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg