Улично посвоено маче е ѕвезда на Инстаграм – и се облекува подобро од сите нас (фото)

„Го најдовме Бенсон пред 5 години додека шеташе низ улиците во Дубаи“ - која е приказната за мачето кое има над 180.000 Инстаграм следбеници и воодушевува со своите аутфити и пози?

Benson-ulicno-posvoeno-mache-e-zvezda-na-Instagram-01.jpg

Тој е дефинитивно специјален мачор, а како што стои во неговиот опис на Инстаграм, Бенсон е и – џентлмен. Тој има гардеробер преполн со специјална облека која одговара на домот, сезоните, па дури и неговото расположение.

„Го најдовме Бенсон пред 5 години додека шеташе низ улиците во Дубаи. Неговото семејство се отселило и го оставило на улица, па ние го посвоивме и го донесовме во САД. Тој го сака неговиот татко и туна, многу е смирено и трпеливо маче.

Откако го посвоивме Бенсон забележавме дека секогаш кога камерата беше насочена кон него, тој престануваше да се движи и седеше мирно. Сепак, снимањето видеа со него беше отежнато, па пробавме да му ставиме очила. Бенсон ги прифати веднаш“.

Во моментот го следат над 180.000 следбеници на Инстаграм, а бројката постојано расте. И со добра причина.

Шармантниот Бенсон дефинитивно ќе ви измами насмевка на лицето, а сите сме согласни дека има подобар стил од многу други луѓе, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Змија со две глави и уште 11 животни кои изгледаат нереално поради генетски мутации (фото) Сте виделе ли германски овчар со џуџест раст или маче со два носа? Сте виделе...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Не сака да си оди во дивината“ Свесна дека штрковите живеат во парови, хуманата гевгеличанка Елена е подготвена...
8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома) Повеќето мали раси, како мопс и малтезер се идеални за повозрасни луѓе бидејќи н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg