Не чувствуваат вина, туку страв од казна - популарни митови и факти за кучињата

Кучињата не гледаат црно-бело, а кога ја ставаат шепата на вашата нога или рака, навистина ви искажуваат љубов.

ne-chuvstvuvaat-vina-no-definitivno-chuvstvuvaat-ljubomora-popularni-mitovi-i-fakti-za-kuchinjata-01.jpg

Кучињата се едни од најпосакуваните домашни миленичиња, но и покрај ова, за нив кружат многу митови кои не се воопшто точни.

Поради ова, тиктокерот кој ѝ е познат на јавноста како Knowledgesaurus направил видео во кое споделува дел од најпознатите митови за кучињата и открива кои од нив се вистина, а кои лага.

Во кои митови верувавте вие?

Факт: Кучињата сакаат да гледаат во сопствениците кога одат во тоалет

Веројатно сте забележале дека кога кучето оди во тоалет, скоро секогаш сака да биде свртено кон вас. Причината за ова е едноставна – во овие мигови, кучињата се чувствуваат мошне ранливо, па гледањето во вас им нуди чувство на безбедност.

ne-chuvstvuvaat-vina-no-definitivno-chuvstvuvaat-ljubomora-popularni-mitovi-i-fakti-za-kuchinjata-02.JPG

Мит: 1 кучешка година е 7 човечки

Ова е доста популарен мит, но кога станува збор за претворање „кучешки“ во „човечки“ години, нештата се покомплицирани, најмногу поради различното темпо на развој кај кучињата.

Според експертите, првата година од животот на кучето е исто како 15-тина човечки. Втората година, пак, е околу девет човечки. Потоа, секоја кучешка година е околу 4 или 5 човечки.

ne-chuvstvuvaat-vina-no-definitivno-chuvstvuvaat-ljubomora-popularni-mitovi-i-fakti-za-kuchinjata-03.JPG

Мит: Кучињата гледаат црно-бело

Видот на кучињата дефинитивно е поразличен од човечкиот, но воопшто не е точно дека тие гледаат само црно-бело. Кучињата можат да гледаат бои, но само сина, жолта и нијанси на сива. Тие не можат да ги перципираат црвената, виолетовата и портокаловата боја.

ne-chuvstvuvaat-vina-no-definitivno-chuvstvuvaat-ljubomora-popularni-mitovi-i-fakti-za-kuchinjata-04.JPG

Факт: Кучињата не чувствуваат вина

Можеби вашето куче ќе ве убеди дека чувствува вина за грешката што ја направило, но досега ниту едно истражување не потврдило дека кучињата навистина чувствуваат вина.

Обично кога луѓето чувствуваат вина за нешто, се обидуваат да не го повторат бидејќи знаат дека со тоа повредиле некого. Кучињата, од друга страна, веројатно се свесни дека направиле грешка само затоа што знаат дека ќе бидат казнети. Па, се претпоставува дека тие не чувствуваат вина, туку страв од казната.

ne-chuvstvuvaat-vina-no-definitivno-chuvstvuvaat-ljubomora-popularni-mitovi-i-fakti-za-kuchinjata-05.JPG

Факт: Кучињата љубоморат

Можеби не чувствуваат вина, но експертите веруваат дека кучињата дефинитивно чувствуваат љубомора. Ова е можеби најизразено во ситуации кога нивниот сопственик гали или си игра со друго куче, па дури и кога сопственикот ѝ обрнува повеќе внимание на друга личност отколку на кучето.

ne-chuvstvuvaat-vina-no-definitivno-chuvstvuvaat-ljubomora-popularni-mitovi-i-fakti-za-kuchinjata-06.JPG

Факт: Кучето ви изјавува љубов со неговата шепа

Кога кучето ќе ја стави неговата шепа на вашата нога или рака, особено додека го галите, тогаш ви изјавува љубов, односно ви ја покажува неговата наклонетост.

ne-chuvstvuvaat-vina-no-definitivno-chuvstvuvaat-ljubomora-popularni-mitovi-i-fakti-za-kuchinjata-07.JPG

Факт: Кучето многу добро ја знае вашата рутина

Ако имате рутина што ја следите секој ден, вашето куче дефинитивно ја знае многу добро. Тоа знае кога излегувате за на работа, кога се враќате и, најважното за него, точно знае кога му е време за јадење или прошетка.

ne-chuvstvuvaat-vina-no-definitivno-chuvstvuvaat-ljubomora-popularni-mitovi-i-fakti-za-kuchinjata-08.JPG

Мит: Кучињата јадат трева кога се болни

Многу животни, вклучувајќи ги и мачките и кучињата, сакаат да јадат трева, но не само затоа што се болни. Иако некои експерти сметаат дека кучињата јадат трева кога чувствуваат дека имаат проблеми со стомакот и дигестијата, најчесто тие го прават ова бидејќи им е забавно.

ne-chuvstvuvaat-vina-no-definitivno-chuvstvuvaat-ljubomora-popularni-mitovi-i-fakti-za-kuchinjata-09.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg