Позитива на денот: Човекот кој се спријателува и прави селфи со секое животно што ќе го сретне (фото)

Ирскиот фотограф Алан Даксон напорно работи за да им помогне на животните, особено загрозените, а бидејќи минува многу време во нивно друштво, често објавува селфи фотки со нив кои го направија популарен на социјалните мрежи.

pozitiva-na-denot-irski-fotograf-pravi-zabavni-selfi-fotki-so-zhivotni-01.jpg

Алан Даксон од Ирска е авантурист, борец за правата и безбедноста на животните и фотограф чија „специјалност“ се селфи фотки со животни кои нема да ве остават рамнодушни.

Неретко нарекуван и „доктор Дулитл“ поради неговата поврзаност со нив, Алан редовно споделува селфи фотографии со животните што ги сретнува, а на повеќето од нив изгледа како и самите животни да имаат широки насмевки.

Алан иако потекнува од Ирска, денес живее во Австралија каде што се бори за заштита на загрозени животински видови.

Користејќи го неговото влијание на социјалните мрежи, тој се обидува да ја подигне свеста за загрозените животни, собира донации за нив и ги мотивира неговите следбеници и тие да му помогнат на животинскиот свет.

Бидејќи доста често е опкружен со животни, Алан има и одлична можност да се фотографира со нив, а слатките селфиња се дефинитивно најзаслужни за неговата популарност.

Досега Алан има над половина милион следбеници на Инстаграм, како и околу 60.000 следбеници на Фејсбук и Јутуб каде што покрај забавните селфи фотографии, споделува и видеа од неговите обиди да ги заштити животните.

Погледнете дел од најинтересните селфи фотографии со животни на Алан:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ракун во тоалет, мечка во двор – Луѓе споделуваат фотки од диви животни кои им дошле „на посета“ „Ракун ни провали дома – ни направи хаос во тоалетот“. „Утрово се разбудив и ме ...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Змија со две глави и уште 11 животни кои изгледаат нереално поради генетски мутации (фото) Сте виделе ли германски овчар со џуџест раст или маче со два носа? Сте виделе...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg