„Додека примав хемотерапија, дознав за многу примери каде мажи сами си го дијагностицирале и откриле ракот преку самопрегледување. Најважно за секој маж е токму тоа, да знае да изврши самопреглед посебно за тестикуларниот канцер. Воедно, и да оди на редовни контроли. Преку редовни контроли дел од моите „цимери“ на онкологија, го откриле канцерот во рана фаза, и затоа шансата за нивно излекување беше 100%.“