14 фотки кои ќе направат да се чувствувате минијатурно
Сте помислиле ли колку е всушност голем мостот Голден гејт во Сан Франциско во споредба со човек?
Обично немаме перцепција за нашата големина, најмногу бидејќи сè што користиме во секојдневието е усогласено со неа.
Но, ако малку размислите, ќе сфатите дека ние луѓето сме навистина минијатурни. Само помислете колку голема е нашата планета, а потоа колку големо е Сонцето во споредба со неа.
Кога, пак, ќе пробате да се споредите со големината на универзумот, целиот концепт дури почнува да губи смисла.
Но нема потреба да се споредувате со Сонцето или универзумот за да сфатите колку сме всушност мали. Постојат и многу работи овде, на Земјата, од кои дел се направени од нас луѓето, што ќе ви дадат нова перспектива.