8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините
-->
Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на пензионерски живот. Уште 7 мали навики кои треба да ги практикувате за да го одржувате духот млад независно од возраста.
Некои луѓе се вистински доказ за ова. Додека некои помлади едвај наоѓаат енергија во себе, други на многу повозрасни години го живеат животот со полн здив и изгледаат многу помладо.
-->
Доколку сакате да бидете и вие такви, време е да промените некои навики во секојдневието и да поработите на себе.
Мали навики кои ќе ви ја одржуваат виталноста и младиот дух на секоја возраст:
Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на пензионерски живот
Негувајте оптимистички став – нека не ве совладуваат мрачни мисли, бидете отворени за дружба и со весел став
Практикувајте физичка активност – пешачете, тренирајте, шетајте куче, одете по скали наместо со лифт – што и да ви одговара, само не се залегнувајте
-->
-->
Негувајте дружби со луѓе – социјалниот живот е клучен за духот и менталното здравје да ви бидат во хармонија
-->
Поставете си цели – можеби повеќето веќе сте ги постигнале, но не се откажувајте, има многу мали работи кои можете уште да ги достигнувате
Смејте се – одете во театар или кино на комедија, дружете се со луѓе со хумор, смеењето е добро за менталното здравје
Водете балансиран животен стил – не одете во крајности и правете од сите работи по малку (на пример, не мора секој ден да се дружите, во ред е некој ден да седите дома и да читате книга)
Бидете благодарни – има многу мали работи на кои може да се радувате, а не мора да се скапи за да уживате во нив – од прекрасни зајдисонца, до вкусни јадења, семејни ручеци со најблиските или дружба со внуците
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот
Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот
Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати)
Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото)
„Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни)
Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец
Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...