7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати)
Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го покажуваат својот статус?
Екстремно богатите луѓе водат сосема поинаков животен стил од останатите.
На кои екстравагантни работи тие ги трошат своите пари?
Што купуваат богатите луѓе за да покажат дека се богати:
Дизајнерски парчиња накит
Од најголемите дијаманти до специјално за нив направени дизајнерски парчиња накит, тие имаат навистина скапоцени работи во своите колекции.
Луксузни часовници
Од Rolex до Patek Philippe, екстремно богатите луѓе без проблем даваат за часовници од десетици илјади евра, па до неколку милиони евра.
Приватни авиони
Ова за нив е обично средство за превоз, тие не си го кројат распоредот според комерцијалните летови.
Мега-јахти
Tие купуваат јахти долги и до 120 метри, во склоп на кои има базени, театар, подморница и што уште не.
Цели острови
За нив не е доволно луксузна вила на некоја туристичка дестинација, тие си купуваат цели острови и на своите приватни острови си прават мини рај, далеку од очите на сите.
Ретки уметнички дела и колекции
Милијардерите трошат и по десетици милиони евра на ретки уметнички парчиња од најголемите уметници на сите времиња. Да се поседува дело од Пикасо, на пример, за нив е доказ за нивниот социјален статус.
Раскошни недвижнини на најатрактивните светски локации
Од пентахуси во Њујорк до вили на француската ривиера, тие имаат недвижнини на најатрактивните светски локации.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com