Астролози го одредуваат датумот на свадбата и уште 9 необични свадбени традиции во Индија

Волшебните шари на дланките и стапалата на невестите од Индија им се добро познати на сите. Но, знаете ли која е нивната симболика?

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija-01.jpg

Културата и верувањата на Индијците се навистина уникатни, па нивните обичаи не би ги сретнале на друго место.

Секоја прослава на Индијците, без разлика по кој повод, изгледа волшебно, а истото важи и за нивните венчавки.

Покрај раскошната облека на младенците, но и гостите, на индиските свадби има и многу забавни ритуали со навистина убава симболика.

Во продолжение најинтересните свадбени традиции во Индија:

Невестите носат обетка на носот

Покрај останатиот раскошен накит, невестите во Индија носат и голема златна алка на носот која е како симбол за брак.

Алката обично е поврзана со обетката на едното уво, со златно синџирче.

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija-02.jpg

Астролозите го одредуваат датумот на свабдата

Во културата на Индијците, астрологијата има важен дел.

Нивната астрологија се разликува од онаа што е популарна кај нас и потекнува од Ведите – светите текстови од Хиндуизмот.

Датумот се одредува според астролошките профили на момчето и невестата, со надеж дека ова ќе им овозможи долг и среќен живот.

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija-03.jpg

Младоженецот и невестата си разменуваат венци од цвеќе

Еден од поважните индиски свадбени ритуали е разменувањето венци од цвеќе.

Порано, во некои области во Индија, давањето венец од цвеќе значело запросување. Денес симболизира заемна почит и љубов.

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija-04.jpg

Девојките можат да „се венчаат“ со дрвја

Според верувањата и астрологијата на Индијците, ако некоја девојка се роди кога планетата Марс е во неповолна положба, може да ја следи лоша среќа.

Па, за да ја отстрани оваа „клетва“, девојката симболично се венча со дрво или некој предмет, и тоа непосредно пред нејзината венчавка со младоженецот.

По ритуалот, предметот се уништува, а со тоа и клетвата.

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija-05.jpg

На невестите им ставаат црвена боја на главата

Додека трае венчавката, на невестата ѝ се става црвена боја на главата, во областа кај патецот на косата.

Оваа боја го означува нејзиниот нов брачен статус, а традицијата се негува уште од древни времиња.

Неретко, жените продолжуваат да си ставаат црвена боја и извесен период по венчавката.

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija-06.jpg

Некогаш по младоженецот се фрлаат домати

Во некои области во Индија, гостите го пречекуваат младоженецот фрлајќи цветови кон него. Но, некогаш фрлаат и со домати.

Тие веруваат дека ако венчавката почне со ваков неочекуван и непријатен настан, љубовта на младенците само ќе се зголемува.

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija-07.jpg

Дланките и стапалата на невестата се украсени со кана

Ова е можеби најпрепознатливата индиска свадбена традиција.

Пред свадбата, дланките и стапалата на невестата се исцртуваат со кана, а дезените изгледаат навистина волшебно.

Индијците веруваат дека овие дезени носат среќа и ги штитат младенците од зло.

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija-08.jpg

Невестата не смее да носи бела венчаница

Додека кај нас белата боја е синоним за венчавка, ова не важи во Индија.

Индијците носа бела облека кога тагуваат, па затоа невестите носат венчаници со живи бои. Најчест избор е црвената боја.

Но, ако станува збор за хирстијани, не е реткост и невестата и младоженецот да носат бела облека. 

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija09.jpg

Мајката на невестата го влече младоженецот за нос

Во некои области во Индија, мајката на невестата пробува да го фати носот на младоженецот, додека тој се обидува да ја избегне. На крај младоженецот „се предава“.

Иако можеби изгледа грубо, овој гест се прави со љубов и се смета за начин да се зближат семејствата на младенците.

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija-10.jpg

Невестата фрла ориз врз нејзината глава

Кон крајот на венчавката, невестата треба да си фрли ориз врз главата.

Со овој гест, таа се збогува со нејзините родители, но им покажува и благодарност за тоа што се грижеле за неа досега, а ова може да биде мошне емотивен момент. 

astrolozi-go-odreduvaat-datumot-na-svadbata-i-ushte-9-neobichni-svadbeni-tradicii-vo-indija-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Детали од секојдневието на Индијците што им се чудни на туристите Околу 11% од целото злато во светот е во сопственост на Индијките кои обично го ...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Јадење пепел од кремирано тело и уште 7 луди обичаи од земјите ширум светот Повеќето гробишта во Данска се направени како паркови, па луѓето ги посетуваат р...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg