Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат

Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќе им се потчинуваат на мажите. Кои други правила ги следат жените од заедниците на Амишите?

pravila-i-zabrani-koi-zhenite-amishi-moraat-da-gi-pochituvaat-01.jpg

Амишите се конзервативна христијанска заедница која одбива да го прифати модерниот начин на живот.

Нивната цел е да живеат што е можно поедноставно, бидејќи веруваат дека само така ја покажуваат својата верба кон Бог.

Постојат заедници кои се позатворени и заедници кои се полиберални, но обично следат исти правила на живот.

Низ годините се имаат појавено многу гласини за експлоатација и малтретирање во заедниците на Амишите, па тие важат и за контроверзна група.

Дел од правилата што треба да ги следат жените во амишките заедници:

Треба да им бидат потчинети на мажите

Генерално, начинот на живот на Амишите се фокусира на потчинетост – мажите му се потчинети на Бог, додека жените им се потчинуваат на нивните мажи.

Но, според нивните верувања, мажите треба да ѝ покажат почит на жената.

Сепак, и покрај ова верување, низ годините се имаат појавено многу гласини за насилството што го трпат жените во овие заедници.

Жените во заедницата немаат моќ, но имаат обврски како грижа за домот.

pravila-i-zabrani-koi-zhenite-amishi-moraat-da-gi-pochituvaat-04.jpg

Ретко се образуваат

За мажите жените од амишките заедници, формалното образование завршува со основно.

По ова, мажите обично учат да се грижат за посевот и животните или стануваат чираци кај некој занаетчија.

Од жените, пак, се очекува да се фокусираат само на домаќинството откако ќе завршат основно и речиси и да немаат избор.

pravila-i-zabrani-koi-zhenite-amishi-moraat-da-gi-pochituvaat-07.jpg

Мора да следат строги правила ако сакаат да работат надвор од заедницата

Обично жените во овие заедници имаат должност да се грижат за домаќинството и децата и не смеат да работат.

Сепак, некои заедници не се толку конзервативни, па жените можат да се вработат како, на пример, во продавница.

А, во овој случај мора да следат строги правила.

На пример, заедницата може да им забрани да користат каква било технологија на работа, дури и ако им е навистина потребна за работните задачи.

Во некои заедници жените имаат опција да работат за други Амиши, но тогаш добиваат многу, многу мала плата.

Откако ќе се омажат, од жените се очекува да се откажат од работата.

rules-about-working-outside-the-home-can-be-murky-1717690347.jpg

Мора да ја кријат косата

Ова правило може да се разликува од една до друга заедница, но обично жената мора да си ја покрива косата за да ја покаже својата верба и нејзината посветеност.

Жените ја кријат косата со мали капчиња, а кај поконзервативните заедници, ако излегуваат надвор, врз тоа капче мораат да стават уште една капа.

pravila-i-zabrani-koi-zhenite-amishi-moraat-da-gi-pochituvaat-05.jpg

Не треба да ја потстрижуваат косата

Според верувањата на Амишите, за жената е срамно да ја потстриже својата коса.

Поради ова, жените не ги кратат косите, а никогаш не прават ни фризури, освено што ја собираат косата за да ја скријат под капчето.

the-rules-of-amish-female-power-are-more-complex-than-you-think-1717690347.jpg

Постојат правила и за време на породување

Жените од овие заедници обично раѓаат по неколку деца. Се претпоставува дека секое семејство има шест деца во просек.

А, на денот на породувањето, жените треба да следат други правила.

Најпрво, Амишите не веруваат во модерната медицина, па жените се породуваат во домашни услови.

Вистинска реткост е да добијат нешто против болка, како епидурална инјекција.

Исто така, во некои заедници жените мора да носат и посебна облека додека се породуваат.

pravila-i-zabrani-koi-zhenite-amishi-moraat-da-gi-pochituvaat-06.jpg

Постои ризик нивните деца да имаат многу генетски нарушувања

Амишите се затворени заедници. Ова значи дека една заедница е основана од мал број луѓе кои потоа се размножуваат меѓусебно.

Со ова, пак, драстично се зголемува ризикот да се наследат гени кои се одговорни за некакви нарушувања во животот.

Во некои заедници се појавувале многу случаи на деца родени со вишок прсти, како и деца со џуџест раст.

Па, дури и ако жената е свесна за ова, во повеќето случаи скоро и да нема избор и мора да се омажи за член од нејзината заедница.

pravila-i-zabrani-koi-zhenite-amishi-moraat-da-gi-pochituvaat-09.jpg

Скоро никогаш не носат шминка и мора да носат едноставна облека

Амишите се горди на нивниот едноставен начин на живот, а горди се и на нивниот едноставен изглед.

Поради ова, жените не се шминкаат, а облеката што ја носат е едноставна.

Притоа, мора да го покрива секој дел од нивното тело.

pravila-i-zabrani-koi-zhenite-amishi-moraat-da-gi-pochituvaat-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg