Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење)
За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го носи низ животот. Неколку предлози за женски имиња инспирирани од цвеќиња...
Доколку сакате на своето девојче да му дадете име инспирирано од цвеќињата и сите шарени бои на пролетта во тој случај ви нудиме неколку предлози.
Овие имиња имаат и навистина убави значења и се верува дека го опишуваат карактерот на личноста што ги носи.
Дел од најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња:
Ружа, Ружица
Ова име е симбол за едно од најубавите цвеќиња.
Има словенско потекло, а се верува дека оние кои го носат се силни и енергични. Жените со име Ружа или Ружица се и одлучни и многу мудри.
Калина
Ова име потекнува од овошното дрво калинка кое има навистина убави цветови. Оние кои го носат името Калина се сметаат за силни, мудри, амбициозни и чесни.
Калина е распространето име кај нас и се верува дека оние кои го носат името доживуваат голем успех во животот поради нивниот темперамент.
Камелија
Името Камелија има латинско потекло.
Луѓето со името Камелија се искрени, креативни и духовно силни. Тие се способни да надминат многу тешкотии во животот.
Тие полесно од другите ја толерираат рутината на животот. Способни се да сакаат со чисто срце.
Далија
Името Далија има корени во Скандинавија, а води потекло од истоимениот цвет. Оние кои го носат името се сметаат за креативни, инспиративни, дарежливи и среќни.
Поради својот карактер и темперамент, најчесто го добиваат она што го сакаат.
Винка
Ова е навистина уникатно и необично име со латинско потекло и значи „оној кој победува“.
Храброста е една од главните карактеристики на луѓето со името Винка.
Јасмина
Ова име води потекло од прекрасниот бел цвет, а неговото значење е „љубовна емоција“.
Оние кои го носат името се убави, нежни и софистицирани.
Кала
Ова име води потекло од убавите цвеќиња, а исто така има грчко потекло, што значи „убава“.
В. К. | Црнобело / фото: pexels.com