Била слепа и глува, завршила факултет и станала писателка и активистка: Животот на Хелен Келер

Иако ги загубила слухот и видот пред да наполни две години, Хелен Келер не само што научила да чита и зборува, туку завршила факултет, напишала неколку книги и колумни и станала најпознатата и најсаканата жена во Америка.

bila-slepa-i-gluva-zavrshila-fakultet-i-stanala-pisatelka-i-aktivistka-zhivotot-na-helen-keler-01.jpg

Хелен Келер ќе остане запомнета како писателка, но и активистка која се залагала за лицата со попреченост, женските права, работничките права и мир во светот.

И, сето ова без разлика што уште како бебе, Хелен ги загубила и видот и слухот.

Воедно таа е и првата слепа и глува личност од САД која завршила факултет, и тоа со сите почести.

bila-slepa-i-gluva-zavrshila-fakultet-i-stanala-pisatelka-i-aktivistka-zhivotot-na-helen-keler-08.JPG

Во продолжение, приказната на инспиративната Хелен Келер:

Хелен Келер била родена во 1880 година во Алабама, САД.

Нејзиниот татко бил уредник во весник, како и фармер, додека мајка и била образована жена. нешто што било реткост во тој период.

Неколку месеци пред нејзиниот втор роденден, Хелен се заразила со непозната болест – некои лекари сметале дека е менингитис предизвикан од бактерија.

Иако оздравела, поради болеста, Хелен ги изгубила и видот, и слухот, уште пред да научи да зборува.

bila-slepa-i-gluva-zavrshila-fakultet-i-stanala-pisatelka-i-aktivistka-zhivotot-na-helen-keler-7.JPG

Поради ова, Хелен комуницирала со семејството така што ги допирала по лицето, за да ги почувствува нивните изрази.

Додека да наполни седум години, Хелен почнала да користи над 60 знаци со нејзините раце за комуникација.

Истовремено, можела да препознае кој член од семејството ѝ се приближува преку неговите чекори.

bila-slepa-i-gluva-zavrshila-fakultet-i-stanala-pisatelka-i-aktivistka-zhivotot-na-helen-keler-04.JPG

Мајка ѝ сфатила дека Хелен е мошне интелигентно девојче, па почнала да бара помош кај професионалци.

Нејзиното семејство дознало за институт за слепи лица, па ја испратиле Хелен да учи таму.

Овде, Хелен ја запознала Ен Суливан, 20-годишна девојка која самата имала проблеми со видот и која ѝ станала инструкторка.

Најпрво, Ен почнала да ја учи Хелен да пишува – со прстот и ѝ ги „испишувала“ буквите на дланката.

Потоа, ја однела во училиште во Бостон, каде што ја научила да чита Брајово писмо.

bila-slepa-i-gluva-zavrshila-fakultet-i-stanala-pisatelka-i-aktivistka-zhivotot-na-helen-keler-02.JPG

Ѝ помогнала да научи и да зборува и благодарение на целиот труд што го вложила, Хелен успеала да се запише и на факултет.

Со помош од Ен, Хелен дипломирала во 1904 година, и тоа со сите почести.

Уште пред да дипломира, Хелен издала две книги, со што ја лансирала својата кариера како писателка.

По дипломирањето почнала да пишува и текстови за весници и за списанија, најчесто борејќи се за правата на лицата со попреченост, како неа.

bila-slepa-i-gluva-zavrshila-fakultet-i-stanala-pisatelka-i-aktivistka-zhivotot-na-helen-keler-05.JPG

Кога Ен Суливан се омажила, Хелен живеела со неа и нејзиниот сопруг и тој период покажала интерес за политика.

Почнала да ги поддржува активистите кои се бореле за правото на глас на жените, уште повеќе се залагала за слепите и глувите лица, а во текот на Првата светка војна, гласно зборувала за своите пацифистички ставови.

Откако здравјето на Ен почнало да се влошува, во нивниот дом се доселила Поли Томпсон која била најмена да се грижи за куќата.

Постепено, Ен се зближила со Поли и двете жени станале неразделни.

bila-slepa-i-gluva-zavrshila-fakultet-i-stanala-pisatelka-i-aktivistka-zhivotot-na-helen-keler-6.JPG

Во 1936 година, Ен починала, по што Хелен и Поли се преселиле во Конектикат.

Одовде, двете жени го пропатувале светот и од секаде собирале донации за глуви и слепи лица.

За време на Втората светска војна, пак, Хелен одела и низ болници каде што ги тешела повредените војници.

Во меѓувреме, напишала уште десет книги и уште повеќе колумни, станувајќи една од попознатите, но и најсаканите жени во Америка.

Во 1957 година, Поли доживеала мозочен удар. Никогаш не закрепнала целосно и починала три години подоцна.

bila-slepa-i-gluva-zavrshila-fakultet-i-stanala-pisatelka-i-aktivistka-zhivotot-na-helen-keler-03.JPG

По нејзината смрт, и Хелен доживеала мозочен удар и последните години од животот ги поминала дома, со медицинска сестра која се грижела за неа.

Пред смртта, добила низа почести, една и лично од американскиот претседател Линдон Б. Џонсон.

А, иако била затворена дома, не престанала со својот активизам.

Хелен починала на 87-годишна возраст, во својот дом, додека спиела.

По смртта, пак, доби уште низа почести, а магазинот Time ја прогласи и за една од најважните личности од 20-тиот век.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg