Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


29-годишна двојничка на Ријана: „Заработувам благодарение на тоа што ги усовршив нејзините манири, стилот и шминката“

Нешто поголемо од привлекувањето на медиумската лупа поради сличноста со славна личност е всушност токму нејзината реакција. Токму тоа ѝ се случи на Присила Беатрис, 29-годишна девојка чија сличност со Ријана навистина воодушевува.

29-godishna-dvojnichka-na-Rijana-ja-prouchiv-shminkata-stilot-i-manirite-na-Rijana-i-blagodarenie-na-toa-denes-zarabotuvam-za-zhivot 01 630x330.jpg

Присила Беатрис можеби не е единствената особа слична на Ријана, но дефинитивно е најпознатата. Со над 700.000 следбеници на Инстаграм и 2,9 милиони следбеници на ТикТок, може да се каже дека таа е сензација на социјалните мрежи сама по себе.

Присила се прослави имитирајќи ја суперѕвездата од Барбадос, а обожавателите на Ријана ширум целиот свет тежнеат да добијат автограм или да се сликаат со неа. И кој би можел да ги обвини? Сличноста е толку неверојатна, што би биле во искушение да помислите дека таа е идентична сестра близначка на Ријана.

Присила Беатрис беше забележана и од националната телевизија во нејзината родна земја Бразил, особено откако големата Ријана на едно од нејзините видеа остави коментар кој гласеше: „Каде е албумот сестро?“.

Беатрис воодушевена поради забележувањето ја споделила размената на нејзиниот Инстаграм профил, пишувајќи:

„Сè уште не можам да верувам!!! Страницата @theshaderoom го сподели моето видео на нивниот профил и ГОЛЕМАТА РИЈАНА @badgalriri го виде моето видео и коментираше! Знаете ли што чувствувам во моментов? Не можам да престанам да плачам од емоции! Од среќа! Тоа е сон!!! Бог е толку прекрасен“.

Беатрис првпат стана вирална на Интернет поради нејзината неверојатна сличност со Ријана во 2020 година, а нејзината популарност оттогаш непрекинато расте.

Иако е лесно да се припише успехот на Беатрис исклучиво на случајноста, во реалноста оваа инфлуенсерка вложи многу труд, проучувајќи ја шминката, стилот и манирите на Ријана со цел совршено да ја имитира. Со помош на нејзиниот тим шминкањето за снимање на 29-годишната девојка ѝ одзема повеќе од еден час, а во спротивно би ѝ требало уште подолго.

Бразилката изјави дека ја започнала својата кариера како имитатор откако нејзините пријатели постојано ѝ велеле дека личи на Ријана. Таа почнала да се фокусира на имитација на поп-ѕвездата, за набрзо луѓето да ја забележат и нејзините онлајн профили да се кренат во воздух. Денес, таа заработува за живот како онлајн инфлуенсер благодарение на сличноста со светската ѕвезда.

Во продолжение повеќе фотки и видеа од неверојатната двојничка на Ријана, Присила Беатрис:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Која е жената која е инспирација за Роуз од „Титаник“? Беатрис била заљубена во индиски научник но уште на почетокот на врската знаела ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg