6 уникатни парови што покажуваат дека љубовта не познава граници

Пауло и Катуција од Бразил заедно имаат 181 сантиметар и важат за најнискиот пар во светот.

6-unikatni-parovi-shto-pokazhuvaat-deka-ljubovta-ne-poznava-granici-01.jpg

Сè повеќе луѓе ги рушат стереотипите за тоа како треба да изгледа една жена, еден маж, па дури и еден пар.

Кога станува збор за љубов, сите знаеме дека убавината е минлива и многу поважно е да сме компатибилни со партнерот во нашите цели и желби, начинот нa размислување и други детали од карактерот кои не се поврзани со физичкиот изглед.

Токму поради ова велат дека љубовта е слепа и навистина не познава граници.

Во продолжение шест парови што го докажуваат ова:

Пауло Габриел и Катуција Лие Хошино

Пауло и Катуција се најнискиот пар во светот, а кратко по нивната венчавка влегоа и во Гинисовата книга на рекорди.

Заедно, тие имаат 181 сантиметар.

6-unikatni-parovi-shto-pokazhuvaat-deka-ljubovta-ne-poznava-granici-02.jpg

Антон Крафт и Чајна Бел

Антон Крафт има 132 сантиметри, но никогаш не дозволува неговата висина да има влијание врз неговиот живот. Па, денес тој е бодибилдер.

Неговата сопруга Чајна Бел е трансродова личност и е висока 190 сантиметри.

6-unikatni-parovi-shto-pokazhuvaat-deka-ljubovta-ne-poznava-granici-03.jpg

Шон Стивенсон и Минди Книс

Шон има нарушување кое влијае врз неговиот раст, а поради многуте предизвици со коишто се соочил, решил да стане мотивациски говорник.

Тој и сопругата Минди се запознале преку заеднички пријател и иако често се осудувани, многумина можат да завидат на нивниот среќен брак.

6-unikatni-parovi-shto-pokazhuvaat-deka-ljubovta-ne-poznava-granici-04.jpg

Габриела и Виктор Пералта

Габриела и Виктор се во Гинисовата книга на рекорди како пар со најмногу модификации на телото.

Заедно тие имаат направено околу 80 модификации, вклучувајќи импланти, тетоважи и дури 50 пирсови.

Во брак се 20 години и велат дека се создадени еден за друг.

6-unikatni-parovi-shto-pokazhuvaat-deka-ljubovta-ne-poznava-granici-05.jpg

Ник Вујичиќ и Канае Мијахара

Ник, кој е роден без раце и нозе, е еден од најпознатите мотивациски говорници во светот и е вистинска инспирација за многумина.

Неговата сопруга, пак, му е најголемата поддршка, а самата вели дека се вљубила во него на прв поглед.

6-unikatni-parovi-shto-pokazhuvaat-deka-ljubovta-ne-poznava-granici-06.jpg

Елисане Силва и Франсиналдо да Силва

Со своите 207 сантиметри, Елисане е највисоката жена во Бразил.

Нејзиниот сопруг има 162 сантиметри, но и двајцата велат дека воопшто не ја забележуваат разликата во висина помеѓу нив.

6-unikatni-parovi-shto-pokazhuvaat-deka-ljubovta-ne-poznava-granici-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg