Српска пејачка со емотивна исповед за синот (5): „Кај него видов промени на неполни 2 години - престана да ме довикува“
- Детали
- вторник, 17 септември 2024
„Конкретни промени кај Василиј видов на негови неполни две години и тогаш одлучив да се вратам во Белград и да побарам помош од нашите експерти. Тоа е голема мака, голема борба...“, изјави Гога Секулиќ.
Гога Секулиќ е српска пејачка, која го има синот Василиj Андреј (5), од бракот со поранешниот сопруг Урош Домановиќ.
Во гостување во српска емисија, кое го пренесува српскиот магазин Telegraf, таа проговори за проблемите во развојот со кои се соочува нејзиното дете и како таа се справува со нив.
Исповедта на Гога гласи:
„Детето ми доцни со говорот и затоа сега одиме на логопед. Тој се навикна, како и сите машки деца, дека мајка му е тука за сè, но, се разбира, не е само тоа во прашање.
Конкретни промени кај Василиј видов на негови неполни две години, која престана да ме довикува.
Тогаш одлучив да се вратам од Цирих во Белград и да побарам помош од нашите експерти. Тоа е голема мака, голема борба...
Има многу такви случаи, децата да бидат здрави, а да доцнат со говорот. Ми објаснија дека постојат различни мутации, но тоа не е аутизам, како што обично на прва сите заклучуваат.
Заклучок од целата оваа ситуација ми е дека со детето треба само работа, работа и работа. Тоа е исцрпувачки и не им е лесно ниту на родителите, ниту на детето.
Многу е важна социјализацијата. Градинката е многу важна, детето да го почувствува просторот, другарите, атмосферата.
Процесот подразбира одење на логопед, дефектолог, престој во сензорна соба. Има многу начини да се помогне. Сè е божја волја и работа“.