Жељко Митровиќ направи луксузна Гетсби забава во новата палата – македонски пар достоен на гламурот со српскиот џет-сет
- Детали
- четврток, 19 септември 2024
Девојки кои со посебна костимографија ги пречекуваат гостите со шампањ, огномет, луксузни тоалети и бисери, инспирирани од почетоците на минатиот век... Како изгледаше луксузната Гетсби тематска забава на Жељко Митровиќ, по повод 30-тиот роденден на „Пинк“ телевизијата?
Синоќа во Белград, во новата палата на српскиот медиумски могул Жељко Митровиќ, над 2.000 гости присуствуваа на тематска забава и заедно ја прославија 30-тата годишнина од основањето на телевизијата „Пинк“.
Српскиот џет сет се собра во огромната палата на Митровиќ, која уште ја нарекуваат и „Палата на свети Жекс“.
Од Македонија, присуствуваа и актерот Жарко Димоски, со сопругата Андреа, која на себе носеше сребрена тоалета и црни аксесоари.
Голем број од присутните споделија видео снимки од луксузната палата на Жељко Митровиќ, која во внатрешноста е уредена со бел мермер, луксузен лустер од кристали, а за забавата воопшто не се штедело.
Гостите беа пречекувани од девојки облечќени во посебни костими, кои на врата ги служеа со шампањ, а потоа се упатуваа на отворениот простор покрај базен, каде што беше подготвена вистинска забава.
Речиси сите присутни беа облечени во тоалети инспирирани од 20-тите години на минатиот век, односно од времето на случувањата во романот „Големиот Гетсби“.
Од она што се споделува на социјалните мрежи, јасно е дека најголем впечаток оставил настапот на Гоца Тржан и Ивана Петерс, кои ги навратија присутните на 90-тите години од минатиот век и почетоците на „розовата“ телевизија, преку хитовите што заедно ги изведуваа тогаш, како дел од групата „Тап 011“.
За крајот на вечерта имаше огромен огномет, а дел од присутните веќе споделија свои фотографии на Инстаграм.
Погледнете дел од нив на следната страница...
Би можело да ве интересира:





