„Жена ме гаѓаше со гаќи пред моите деца“ – Жељко Јоксимовиќ за најголемата непријатност на сцена

„Доаѓа син ми Коста и ме прашува зошто таа жена ме гаѓала со гаќи“ – Жељко Јоксимовиќ раскажа која била најголемата непријатност што ја доживеал на сцена, а на која сведоци биле неговите деца. Како што вели, една жена сосема непријатно го изненадила додека настапувал.

zhena-me-gagjashe-so-gakji-ushte-bea-topli-zheljko-joksimovikj-za-najgolemata-neprijatnost-na-scena-01.jpg

Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ деновиве е актуелен заради дуетот со Цеца Ражнатовиќ, а веќе е најавено гостувањето на пејачот во нејзината емисија, насловена Ceca Show.

Емисијата ќе се емитува во петок (14.06) и се очекува Жељко да изнесе повеќе досега непознати детали од својот живот.

За бракот со Јована Јоксимовиќ, за тоа со кои предизвици се соочиле на почетокот на врската, но и за тоа каков е на приватен план.

zhena-me-gagjashe-so-gakji-ushte-bea-topli-zheljko-joksimovikj-za-najgolemata-neprijatnost-na-scena-02.jpg

Жељко е пејач со долгогодишна кариера, а важеше и за голем миленик на женската публика, па така раскажа и за непријатност што ја доживеал на сцена, кога една жена сакала да му упати непристоен предлог.

„Гледам една женска фигура и таа почна да ме гаѓа со гаќи. Сигурен сум дека ги соблекла во тој миг, затоа што сè уште беа топли, на тоа добро се сеќавам“ – раскажа пејачот.

zhena-me-gagjashe-so-gakji-ushte-bea-topli-zheljko-joksimovikj-za-najgolemata-neprijatnost-na-scena-03.jpg

Како што вели, оваа непријатност ја помни затоа што потоа и неговите деца дошле во гардеробата, па син му Коста го прашал:

„Тато, зошто онаа жена те гаѓаше со гаќи?“, на што пејачот го прашал од каде знае дека станува збор за долна облека.

zhena-me-gagjashe-so-gakji-ushte-bea-topli-zheljko-joksimovikj-za-najgolemata-neprijatnost-na-scena-04.jpg

Јасно е дека во својата долгогодишна кариера Жељко имал голем број ситуации за време на настапите, особено ако се земе предвид дека тој важеше за еден од најубавите мажи на српската музичка сцена па голем број жени лудуваа по него.

„Имаше голем број разни ситуации, но кога пеете толку долго како мене, не можете да се сетите на сè. Кога ќе пројде време, тоа се убави работи, дури и оние што првично ќе ве уплашат.

Се случува сè и сешто, но секогаш се трудам да останам професионалец, па што и да се случи“ – вели Жељко.

Погледнете ја најавата за гостувањето на Жељко:

Прочитајте и Swarovski ѓердан од 550 евра – Колку чини стајлингот на Цеца во спотот за дуетот со Жељко Јоксимовиќ?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg