Не сте задоволни како изгледаат вашите гради во градник? Тогаш немојте упорно да ги правите овие 3 грешки
Ако го перете градникот по секое носење, само ќе го оштетите, односно материјалот брзо ќе ја изгуби еластичноста.
Женското тело се менува како што старееме, па сосема нормално е што не можеме да носиме градник со иста големина и форма во текот на целиот живот.
Честопати ни се случува да купиме погрешен градник кој или нè стега многу или пак е преголем за нас.
Кога станува збор за купување градници, многу жени прават големи грешки, но се прават и пропусти при одржувањето на истите. Токму затоа не ни се допаѓа како ни изгледаат градите во нив.
Кои 3 грешки ги правиме при изборот и одржувањето на градниците?
Пречесто го перете градникот
Ако го перете градникот по секое носење, тој би можел да ја изгуби еластичноста, па градите нема да изгледаат добро во него.
Се препорачува да се пере дури по 3 до 4 носења, во заштитна мрежа за перење во машината за облека.
Не сушете го во машина
Најидеалното решение е да се исуши градникот на воздух, но не со прицврстување од едниот до другиот крај, бидејќи така може да се растегне и да ја изгуби првобитната форма. Правилно е да го закачите на средина при сушењето.
Ако вашиот градник е истегнат при сушењето, тој повеќе нема да ги држи правилно градите.
Купете ја соодветната големина
Иако можеби мислите дека ја знаете големината на вашиот градник, не заборавајте дека обликот и големината на вашите гради се менуваат со возраста. Најдобро е да пробате градник пред да го купите и да внимавате на неколку работи.
Жиците на корпите не треба да ве затегаат, ниту пак вашите гради „да пливаат“ во градникот. Прерамките не треба да бидат ниту премногу затегнати, ниту да ви паѓаат и да се лизгаат од рамениците.
Доколку сакате градите да ви изгледаат поголеми, подобро набавете го познатиот пуш-ап модел кој има дополнителен слој и на тој начин ги подига градите, но внимавајте да нема премногу сунѓер или синтетички материјал, па градите да не може „да дишат“.
Закопчајте го градникот под плешките, не премногу високо, бидејќи оваа грешка ја прават многу жени. Потоа, адаптирајте ја должината на рамките и внимавајте да не се премногу затегнати.
Доколку може да помине прст без проблем под нив, тогаш се во ред, што значи дека нема да ви ја „сечат“ кожата и да оставаат отпечатоци.
Истото важи и за обемот. Потребно е да оставите доволно простор за кожата „да дише“, а задниот дел да не е превисоко кренат во пределот на плешките.
(О)Милена | Црнобело