Носат и по 25 прстени на вратот кои им го деформираат телото – кои се „жените-жирафи“ од Мјанмар?

Досега сигурно сте виделе фотографија од жените од народот познат како Падаунг. Овие жени имаат многу долги вратови поради златните прстени што почнуваат да ги носат уште во детството.

nosat-i-po-25-prsteni-na-vratot-koi-im-go-deformiraat-teloto-koi-se-zhenite-zhirafi-od-mjanmar-01.jpg

Но дали знаете која е симболиката на овие прстени?

Овој народ е подгрупа на етничко малцинство во Мјанмар. Себеси се нарекуваат Kekawndgu или Kayan, но за другите етнички групи во Мјанмар, како и за странците, се познати под името Падаунг.

Најголем дел од нив живеат во Мјанмар, а мал број живеат и во други земји, како Тајланд и САД.

nosat-i-po-25-prsteni-na-vratot-koi-im-go-deformiraat-teloto-koi-se-zhenite-zhirafi-od-mjanmar-06.jpg

Генерално се занимаваат со одгледување ориз, а најпрепознатливи се по златните прстени што ги носат жените.

Жените почнуваат да ги носат овие прстени уште на 5-годишна возраст.

nosat-i-po-25-prsteni-na-vratot-koi-im-go-deformiraat-teloto-koi-se-zhenite-zhirafi-od-mjanmar-04.jpg

Со текот на времето додаваат нови прстени кои постепено им го издолжуваат вратот. Секој нов прстен се додава на околу две години и некои жени имаат и до 25 прстени.

nosat-i-po-25-prsteni-na-vratot-koi-im-go-deformiraat-teloto-koi-se-zhenite-zhirafi-od-mjanmar09.jpg

Но, ова е само илузија. Односно, со прстените не се издолжува нивнот врат, туку им се деформираат клучните коски и ребрата.

Поради тежината на прстените, клучните коски се под постојан притисок, а ребрата им се компресираат. Па, се создава илузија дека нивниот врат станува подолг.

nosat-i-po-25-prsteni-na-vratot-koi-im-go-deformiraat-teloto-koi-se-zhenite-zhirafi-od-mjanmar-10.jpg

Антрополозите имаат неколку претпоставки од каде потекнува традицијата со прстените и која е нејзината цел.

Некои сметаат дека со овие прстени жените станувале помалку привлечни за мажите од другите племиња, со што се намалувала можноста да бидат киднапирани и користени како робови.

Друга теорија, пак, е сосем спротивна – овие прстени можеби ги прават жените попривлечни.

nosat-i-po-25-prsteni-na-vratot-koi-im-go-deformiraat-teloto-koi-se-zhenite-zhirafi-od-mjanmar-11.jpg

Се верува и дека издолжениот врат прави жените да изгледаат како змеј, бидејќи ова митско суштество е важен дел од нивниот фолклор.

Исто така, постои верување дека можеби овие прстени го штитат женскиот врат од каснување од тигар – нешто што била честа појава во нивните села.

Самите жени велат дека прстените се дел од нивните култура и идентитет и обично ги поврзуваат со убавина.

nosat-i-po-25-prsteni-na-vratot-koi-im-go-deformiraat-teloto-koi-se-zhenite-zhirafi-od-mjanmar-12.jpg

Наводно, овие прстени не предизвикуваат здравствени проблеми, но можат да ја намалат подвижноста на жените поради нивната тежина. Овие прстени го отежнуваат и пиењето.

nosat-i-po-25-prsteni-na-vratot-koi-im-go-deformiraat-teloto-koi-se-zhenite-zhirafi-od-mjanmar-03.jpg

Жените никогаш не ги вадат овие прстени, иако неколку го имаат направено тоа за медицински истражувања.

Некои ги отстрануваат прстените и бидејќи си ја промениле верата, а денес многу жени кои ги носат овие прстени одбиваат да им ги стават на нивните ќерки.

Во минатото, отстранувањето на прстените се гледало како казна. 

nosat-i-po-25-prsteni-na-vratot-koi-im-go-deformiraat-teloto-koi-se-zhenite-zhirafi-od-mjanmar08.jpg

Ако некоја жена сепак одлучи да ги извади прстените, извесен период ќе мора да има некаква поддршка на вратот, додека мускулите во таа област повторно да зајакнат.

Наводно, дури и властите во Мјанмар апелирале народот да престане со оваа практика.

nosat-i-po-25-prsteni-na-vratot-koi-im-go-deformiraat-teloto-koi-se-zhenite-zhirafi-od-mjanmar-07.jpg

Во Тајланд, од друга страна, оваа традиција стекна огромна популарност изминативе неколку години, најмногу поради туристите.

Што значи, жените од овој народ кои живеат во селата во Тајланд се туристичка атракција, а туристите плаќаат за да одат да ги видат.

Сепак, многумина се против ова и ја споредуваат атракцијата со зоолошка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg