„Бев во Индија и на секој чекор бараа да се сликаат со мене“ - Зошто во Индија сите се сликаат со русокоси?
„Додека бев во Индија, на секој чекор ме застануваа луѓе кои бараа да се сликаат со мене и другарка ми, па дури жените ни даваа и да ги држиме нивните бебиња“ - споделува српска блогерка, која открила дека русокосите жени во Индија се сметаат за божици. Која е приказната зад ова?
Сте ја посетиле ли некогаш Индија? Сте имале ли искуство луѓето таму да сакаат да се фотографираат со русокоси?
Дара е блогерка од Србија која можете да ја најдете на Инстаграм како _dalinda, раскажува за нејзиното патување во Индија и за многуте фотографии кои луѓето сакале да ги направат со неа.
Таа објави видео од патувањето во Индија, кое е составено од повеќе фотки со Индијци, а во описот напиша:
„Додека бев во Индија, на секој чекор ме застануваа луѓе и сакаа да се сликаат со мене и со другарка ми. Знаеја да се соберат и по 20-30 луѓе околу нас. Од сите страни само слушавме „селфи селфи“, а потоа блескаа блицеви насекаде.
Жените ни ги даваа и нивните деца да ги држиме во раце. Да наплаќавме за секоја фотографија, ќе се вратевме богати од Инdија.
Шега на страна, 70% од жителите во Индија се сиромашни и единствената шанса да видат светол човек е кога туристи ќе дојдат во нивната земја, па сакаат да го овековечат тоа, посебно затоа што нивната земја беше отворена за туристи пред 2 месеца, по две години“.
Можеби поради пандемијата луѓето во Индија подзаборавиле како изгледаат луѓето од другите земји, па сега се толку воодушевени од нивниот изглед, но освен тоа, тука сепак станува збор за друга приказна.
„Јас истражив дополнително на темата. Во хинду религија, постои Божица под името Махагуари, која е со исклучително светол тен. Нејзиниот тен се споредува со белината на бисер школка, Месечината и со јасмин. Таа претставува олицетворение на убавината“ - продолжува блогерката.
Зошто во Индија русокосите ги сметаат за божици?
Тие веруваат дека оној што ја почитува божицата си ги скратува страдањата во животот. Таа ги исполнува сите желби на своите поданици, ги тера да одат напред во животот без да гледаат назад и им носи слобода.
Кога имала 16 години, божицата Махагаури била нарекувана Шаилпутри. Таа била исклучително убава и благословена со светол тен, па поради тоа нејзиното име било сменето во Махагаури. Името Махагаури потекнува од зборовите Маха = одлична и Гаури = бела.
Веројатно блогерката и нејзината пријателка, со својот светол тен и коса, но и со стајлингот инспириран од индиската култура, наликувале на оваа божица, па Индијците биле опседнати со нивниот изглед, верувајќи дека тие се некако поврзани со нивните верувања.
Сте имале ли вие вакво искуство?
М. Г. | Црнобело / фото: Инстаграм