Испитаници глумеле затвореници и стражари – поради малтретирањето, експериментот бил прекинат: Најконтроверзното истражување од Стенфорд

Професор од Стенфорд сакал да открие дали насилството на стражарите кон затворениците потекнува од нивниот карактер или самата околина, односно затворот. Па, направил симулација на затвор со 24 волонтери. Но, волонтерите станале насилни и развиле депресија, и експериментот бил прекинат по само шест дена.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford-01.jpg

Во 1971 година, на Универзитетот Стенфорд бил направен психолошки експеримент кој до денес ги згрозува и научниците, и јавноста.

Познат како Stanford prison experiment, целта на овој експеримент била да се набљудува однесувањето на неколку испитаници во околина која симулира затвор.

Истражувањето го водел професор по психологија – Филип Зимбардо – кој предавал на Стенфорд.

„Сакавме да ги видиме психолошките ефекти од станување затвореник или затворски стражар. За да го направиме ова, симулиравме затвор и внимателно ги следевме ефектите на оваа институција врз однесувањето на оние кои беа во неа“, стои во објаснувањето на професорот.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford-02.jpg

Професорот верувал дека малтретирањето на затворениците од страна на стражарите во американските затвори можеби се должи на самата околина, а не на карактерот на стражарите.

Односно, сакал да види дали околината како затвор ги прави луѓето посурови.

Тој нашол 24 машки испитаници преку реклама во весник, на кои им понудил по 15 долари за секој ден од експериментот.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford-05q.jpg

Наводно, тој им направил и тестови на волонтерите со кои ја утврдил нивната психолошка состојба. Исто така, тој се погрижил испитаниците да немаат никаква историја со криминално однесување, ниту какви било проблеми со психичкото здравје.

Но, експертите кои го критикуваат експериментот сметаат дека професорот не направил добра евалуација.

Задачата на испитаниците била да поминат неколку денови во симулиран затвор. Дел од нив глумеле дека се затвореници, а дел - стражари.

„Стражарите“ добиле соодветна униформа и темни очила за сонце за да се избегне контактот со очи со „затворениците“.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford-10.jpg

Тие имале задача да ги чуваат „затворениците“ и да не дозволат да избегаат. Истовремено, не смееле да користат никаков вид на физичко насилство.

„Затворениците“ биле сместени во лажни ќелии во подрумот на една од зградите на кампусот. За целото искуство да биде што е можно пореално, „затворениците“ биле „уапсени“ од вистински полицајци кои ги однеле до лажните ќелии.

Ќелиите биле мали, во секоја од нив имало по тројца затвореници, а за секој од нив имало душек, перница и постелнина.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford-03.jpg

До крајот на експериментот, затворениците можеле да се движат само во ќелиите и во ограден простор во дворот.

Од друга страна, „стражарите“ имале простор каде што можеле да одморат и да се релаксираат.

Професорот планирал експериментот да трае две недели, но бил прекинат по само шест дена.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford09.jpg

Наводно, испитаниците кои глумеле стражари речиси веднаш почнале да ги малтретираат затворениците. 

На пример, без причина ги буделе во 2 часот наутро со гласен звук. Покрај тоа, постојано ги омаловажувале, а ако направеле нешто лошо, ги казнувале така што ги терале да прават склекови.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford-0.jpg

И испитаниците кои глумеле затвореници многу брзо се навикнале на нивните улоги – почнале да ги мразат стражарите, а на вториот ден од експериментот организирале и бунт.

По ова, ситуацијата само се влошувала.

Штом го смириле бунтот, стражарите им ги зеле креветите на затворениците, а оние кои го воделе бунтот биле ставени во самица.

Стражарите постојано ги казнувале затворениците, а тие, обидувајќи се да ги избегнат казните, почнале дури и да се клеветат едни со други.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford08.jpg

Иако не можеле да користат физичко насилство, стражарите станале мошне креативни во смислувањето казни - дури и ги терале затворениците да го чистат тоалетот користејќи ги буквално само нивните раце.

Не поминале ни 36 часа од почетокот на експериментот, кога еден од затворениците почнал да покажува знаци на сериозна вознемиреност, плачење и гнев.

Бидејќи состојбата на затвореникот се влошувала, психолозите сфатиле дека е премногу ризично да остане, па го ослободиле од експериментот.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford-04.jpg

Набрзо потоа уште двајца затвореници доживеале „нервен слом“, по што биле ослободени, а скоро сите почнале да покажуваат симптоми на депресија.

Но, насилството и влошената ментална состојба на затворениците не го натерала професорот да го запре истражувањето. Уште почудно е што затворениците не изразиле желба да си одат, иако никој не им го забранувал тоа. 

Сепак, професорот бил присилен да стави крај на експериментот кога во посета дошла друга професорка од универзитетот.

Професорката Кристина Маслач сакала да направи интервјуа со затворениците и стражарите, но била запрепастена кога ја видела нивната состојба.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford-11.jpg

Она што е најчудно, пред Кристина, околу 50 други експерти го набљудувале експериментот, а само таа сфатила дека експериментот не е етички.

Кристина веднаш ургирала, па на шестиот ден професорот го прекинал експериментот.

Набрзо потоа професорот се соочи со критики од бројни психолози, од кои сите истакнуваат дека ваквите експерименти не се етички и го нарушуваат достоинството на испитаниците.

ispitanici-glumele-zatvorenici-i-strazhari-poradi-maltretiranjeto-eksperimentot-bil-prekinat-najkontroverznoto-istrazhuvanje-od-stenford-07.jpg

Кога станува збор за резултатите од експериментот, мислењата се поделени.

Од една страна, професорот смета дека ја докажал неговата теорија – насилното однесување е предизвикано од самата околина, во овој случај затворот.

Но, експертите веруваат дека со рекламата за волонтери, професорот привлекол луѓе кои се склони кон такво однесување.

Некои сметаат и дека самиот професор е одговорен за инцидентите бидејќи испитаниците го гледале како авторитет, а тој им ја наметнал тиранијата.

Контроверзното истражување е и инспирација за два филма – Dаs Experiment од 2001-ва и The Experiment од 2010-та.

И во двата филма има детали што се разликуваат од реалноста, но мошне добро прикажуваат зошто експертите до денес го критикуваат овој експеримент.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, ед...
Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...
Навидум обични фотки кои кријат мрачни приказни Сите знаеме за детонирањето на атомските бомби во Хирошима и Нагасаки, но дали с...
Факти за најозлогласениот убиец од Србија: Имал тешко детство првото злосторство го извршил на само ... Миодраг Столе Трифуновиќ е познат како „српскиот Џек Мевосек“ поради неговите гр...
Работи што никако не смеете да ги правите во Северна Кореја како турист (бидејќи ќе завршите во затв... Ако покажете непочитување на владејачкото семејство или се осмелите да гледате з...
Морничавата приказна за вистинскиот Ханибал Лектор: Затворен е во подземна стаклена ќелија, изолиран... Британецот Роберт Модсли е затворен во самица над 40 години, по неколкуте свиреп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg