Каролина - Chloè, Лозано 20 години со ист мирис: Кои се омилените парфеми на познатите Македонци?

Сте се запрашале ли некогаш каков парфем користи Надица Георгиева, на што мириса Јанг Дади или кој ѝ е омилен парфем на Тамара Тодевска?

karolina-chloe-lozano-20-godini-so-ist-miris-koi-se-omilenite-parfemi-na-poznatite-makedonci-01.jpg

Едни сакаат свежи ноти, а други слатки мириси.

На прашањето кои им се омилените парфеми и каков мирис користат, познатите Македонци во анкета за CRNOBELO.com ни открија дека имаат сличен вкус - доминираат парфеми од Estèe Lauder, Chanel и Yves Saint Laurant.

Кои им се омилените парфеми?

Тамара Тодевска

„Омилен ми е Chanel Gabrielle. Едноставно го сакам“

karolina-chloe-lozano-20-godini-so-ist-miris-koi-se-omilenite-parfemi-na-poznatite-makedonci-02.jpg

Влатко Лозаноски - Лозано

Carolina Herrera 212 - го користам скоро 20 години, навикнат сум на него некако, не е пресилен, има свежина некоја и затоа го сакам“.

karolina-chloe-lozano-20-godini-so-ist-miris-koi-se-omilenite-parfemi-na-poznatite-makedonci-03.jpg

Надица Георгиева

„Дефинитивно омилен парфем ми е Knowing на Estèe Lauder.

Парфемот првпат се појави некаде кон крајот на 80-тите години. Тој период многу го користев и ме потсетува на едно убаво време за мене.

Доминираат дрвенести тонови и богати цветни ноти.

После 20 години повторно се појави на пазарот и јас бев пресреќна. Ако го најдам на free shop обавезно го купувам.

Го користам претежно зимно време затоа што е доста доминантен, јак и женствен“.

karolina-chloe-lozano-20-godini-so-ist-miris-koi-se-omilenite-parfemi-na-poznatite-makedonci-12.jpg

Жарко Димоски

„Еден и единствен Black Phantom - Memento Mori by Kilian. Го користам отприлика 7 години.

Тој има ноти на: рум, црно чоколадо, кафе, карамела и бадем. Ме потсетува на неистражена природа и ме исполнува со возбуда.

Покрај него имам уште неколку фаворити и тоа: Tom Ford - Tobacco Vanille, Bleu de Chanel и еден на ZARA што веќе не се произведува, Warm Leather.

karolina-chloe-lozano-20-godini-so-ist-miris-koi-se-omilenite-parfemi-na-poznatite-makedonci-04.jpg

Светлана Црнокрак

„Во суштина сакам јаки парфеми со слатка нота на ванила, мошус, јасмин...

Еден од нив, по кој многумина и ме препознаваат, е парфемот на Estèe Lauder - Modern Muse.

Го користам со години наназад и го обожавам, прво заради преубавиот сладок мирис, а второ затоа што ме отсликува карактерно - женственост, сигурност, моќност, егзотичност“.

karolina-chloe-lozano-20-godini-so-ist-miris-koi-se-omilenite-parfemi-na-poznatite-makedonci-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Каролина Гочева објави забавни фотки од турнејата во Германија - Како патува со бендот, се спие дури... Од тоа како ја шминкаат пред настап до како патува со членовите од бендот и прав...
Каролина со моќна порака од Германија: „Тажно е што кога од многу страни сакаат да нè згазат, ние се... „Вечерашниов концерт бил бојкотиран, се испраќале апели да не се присуствува.&nb...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg