Бон-тон правила кои не смеете да ги прекршите кога одите на гости на неколку денови
Немојте да одите ненајавени, помагајте во средувањето на нередот и задолжително почитувајте ја приватноста на домаќините.
Ако имате пријатели или семејство во друг град или држава, веројатно сакате одвреме-навреме да ги посетите на неколку денови.
А, за време на овие посети мора да обрнете внимание на вашето однесување, без разлика за колку блиски личности станува збор.
Бон-тон правила со кои ќе им покажете почит на домаќините:
Никогаш немојте да одите на гости ненајавени
Никогаш не треба да одите на гости ненајавени, особено ако планирате да преспиете.
Без разлика колку ви е блиска личноста, секогаш треба да се најавите бидејќи можеби таа има други планови, можеби сака да биде сама, можеби треба да ѝ дојдат други гости…
Купете подарок
Штом некој ќе ве прими во неговиот дом на повеќе денови, добро би било кога ќе отидете да однесете подарок.
Нема потреба да трошите цело богатство – доволно е да однесете шише вино, домашно направено јадење и слично.
Ако во домот има и деца, не заборавајте да им купите чоколадо или некоја ситница.
Слободно поставувајте прашања
Прашајте го домаќинот за неговиот дневен распоред, неговите планови во текот на денот и слично и пробајте да се адаптирате на тоа. Прашајте го и што можете да користите, како храна и садови.
Немојте да пристигнувате во неразумно време
Потрудете се да пристигнете во домот на домаќинот во разумно време, односно не многу рано и не многу доцна.
Добро би било и однапред да кажете кога планирате да пристигнете.
Немојте да бидете расфрлани
Иако секој очекува домот да му биде малку расфрлан кога има гости, сепак постојат граници.
Пробајте да не правите голем неред со вашите лични предмети, а истовремено помагајте во средувањето на домот додека сте на гости.
Никој нема да очекува да метите или да бришете прашина, но можете да помогнете со миење садови.