12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците

Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сакате да прашате нешто“.

12-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite01.jpg

Во Британија, веројатно под големо влијание од кралското семејство, се негуваат традиции стари со векови.

Овде спаѓаат и некои бонтон правила со кои луѓето покажуваат почит и учтивост.

Дел од британските бонтон правила што треба да ги применуваме почесто:

Немојте да доцните

Иако сите го знаеме ова правило, вреди да се повтори.

Некогаш е дозволиво да задоцните десетина минути, но внимавајте тоа да не се случува често.

Кога доцните, секогаш им ги расипувате плановите на другите, па добро организирајте си го времето.

12-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-02.JPG

Кажувајте „те молам“, „благодарам“ и „извини“

Овие три фрази прават огромна разлика во комуникацијата со другите.

Кога барате нешто, дури и од блиска личност, секогаш кажете „те молам“, а кога некој ќе ви направи услуга, не заборавајте да се заблагодарите.

Ако, пак, направите грешка или каков било пропуст, не ве чини ништо да кажете „извини“.

12-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-03.JPG

Не поставувајте многу лични прашања

Кога сте со најблиските, разговарајте за што и да сакате.

Но, кога разговарате со нов познаник и слично, никогаш не поставувајте лични прашања.

Ако некој сака да сподели нешто лично со вас, самиот ќе ви каже. Вие не мора да „душкате“.

12-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-04.JPG

Кога јадете, држете ја виљушката во истата рака

Кога ја сечете храната, најверојатно, потсвесно ја користите доминантната храна. А, кога земате залак, ако сте како повеќето, ја префрлате виљушката повторно во доминантната рака.

Според британскиот бонтон не треба да го правите ова.

Односно, држете ги ножот и виљушката додека за вршите со јадење. Единствено спуштете ги во чинијата ако сакате да се напиете нешто.

12-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-05.JPG

Сечете само по еден залак од храната

Кога јадете со нож и виљушка, немојте прво да си ја исечете целата храна, па да јадете.

Ова е во ред само за мали деца, кога родителите им ја сечат храната.

12-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-06.JPG

Внимавајте како го оставате приборот кога ќе завршите со јадење

Постојат безброј правила за тоа како се поставува приборот на маса, но не мора да ги знаете сите.

Единствено внимавајте кога ќе завршите со јадење, да го ставите приборот во чинијата, а не каде било на масата.

12-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-07.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg