Неучтиви работи што треба да ги избегнувате во супермаркет (прават да делувате невоспитано)
Ги блокирате рафтовите со количката и пробувате да одите преку ред на каса – со кои грешки изгледате како неучтива и невоспитана личност?
Секојпат кога одиме на место со други луѓе, треба да обрнеме внимание на нашето однесување, дури и ако тоа е само супермаркет.
Важно е да се однесуваме учтиво и да не им го попречуваме купувањето на другите луѓе бидејќи, сепак, маркетот не е наш.
Дел од најчестите грешки што треба да ги избегнувате:
Ја оставате количката среде паркинг
Ако ја носите количката до автомобилот, потоа немојте само да ја оставите на паркингот или каде било.
Потребно е вие да ја вратите не местото каде што стојат количките најпрво бидејќи тоа е учтиво, а второ бидејќи е опасно да ја оставите така и може да им пречи на другите.
Одите да земете уште нешто додека сте на каса
Ако вие сте на ред на каса, немојте да одите да земате уште нешто друго од продавницата.
Со ова, ги терате останатите да ве чекаат да се вратите, за касиерот да може да заврши со вас пред да почне да им наплаќа на другите.
Одите преку ред
Немојте да се буткате да одите преку ред дури и ако со себе имате само еден продукт.
Доколку имате еден продукт и сте во брзање, прво прашајте ги луѓето пред вас дали е во ред да ве пуштат преку ред.
Во повеќето случаи секако дека нема да направат проблем, па не губите ништо ако сте учтиви.
Ги блокирате рафтовите со количката
Секогаш имајте предвид дека не сте сами во маркетот.
Па, додека пазарите, внимавајте да не ги блокирате рафтовите со вашата количка и секогаш оставајте простор да поминат другите.
Исто така, немојте да си ја „паркирате“ количката на едно место каде што ќе им пречи на другите.