6 работи што им се познати само на силните и независни жени

Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински уживате во вашето друштво.

6-raboti-shto-im-se-poznati-samo-na-silnite-i-nezavisni-zheni-01.jpg

Силните и независни жени поседуваат карактеристики кои ги прават навистина уникатни.

Знаат да бидат перфекционисти и премногу заштитнички настроени кон себе, но никогаш нема да одбијат сакана личност на која ѝ треба помош.

Шест работи што им се познати само на силните и независни жени:

Тешко ви е да побарате помош и да им верувате на другите

Додека другите ви се доверуваат и знаат дека можат да сметаат на вашата помош, вам ви е тешко да ја побарате од нив.

Донекаде, причината за ова е вашата гордост.

Многу повеќе сакате да бидете личнoст која решава проблеми и сама се справува со сè, дури и со најголемите животни предизвици.

Најверојатно во животот многупати сте биле изневерени и оставени на цедило, па тешко ви е да им верувате на другите.

Сепак, некогаш можеби и треба да им дозволите на другите да ви помогнат, барем на оние најблиските.

Ќе направите сè во ваша моќ за да не зависите од другите

Вие ги оставате токсичните врски и луѓе зад вас без воопшто да се двоумите.

Ако сте свесни дека некој ве манипулира и пробува да ве искористи или да ви ја одземе самодовербата, го напуштате без многу размислување.

Желбата да бидете свои и независни е многу посилна од стравот да останете сами.

Не сакате да имате никаква врска со луѓе кои ви се чини дека ве контролираат.

6-raboti-shto-im-se-poznati-samo-na-silnite-i-nezavisni-zheni-02.jpg

Имате многу високи стандарди за сè во животот

Вие сте научени сами да правите сè, а ова ве направило мошне вредна и ефикасна личност.

Па, не е ни чудно што имате превисоки стандарди – и за себе, и за луѓето околу вас.

Од себе го очекувате најдоброто и не се помирувате со ништо помалку.

Од партнерот очекувате да ве цени и почитува, а истото го барате и од пријателите.

Ретко кој може да ги исполни вашите стандарди, но кога некој ќе ви докаже дека е достоен за вас, подготвени сте да направите сè за него.

Генерално сакате да бидете сами

Вам не ви е проблем да минувате време сами, со своите мисли.

Бидејќи сте независни, вашата среќа не зависи од другите.

Можете да бидете потполно задоволни и кога околу вас нема никој.

Вие не сакате да се жалите, проблемите ги чувате за себе, па не ви е неопходно постојано да сте опкружени со луѓе.

Дефинитивно знаете да уживате во самотијата, а понекогаш сфаќате дека всушност и ви годи.

6-raboti-shto-im-se-poznati-samo-na-silnite-i-nezavisni-zheni-03.jpg

Сакате да имате контрола врз сè

Иако сте свесни дека ќе се чувствувате послободно кога ќе заборавите на желбата за контрола, ова сепак е посилно од вас.

Вие сте убедени дека кога треба да се направи нешто, само вие ќе го направите правилно, па сакате да ја надгледувате секоја ситница.

Го имате испланирано секој детаљ и не оставате ништо на случајноста.

Иако оваа особина можеби ве направила успешни, важно е некогаш да си дозволите да бидете спонтани и да се опуштите.

Иако перфекционизмот ве заморува, по малку ви се допаѓа

Желбата за контрола и високите очекувања ве прават перфекционист.

И, свесни сте дека ова некогаш е премногу заморно и ви одзема многу време и енергија.

Но, кога ќе го видите крајниот совршен резултат, сфаќате дека ви се допаѓа перфекционизмот, без разлика колку треба да се форсирате за него.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg