6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот
„Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си ја кажувате вие?
Неретко имаме превисоки и нереалистични очекувања од себе, па единственото нешто што нè кочи во животот сме самите ние.
Си кажуваме лаги во кои слепо веруваме, несвесни за тоа колку ни штетат.
6-те лаги кои треба да престанете да си ги кажувате:
„Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“
Веројатно никогаш нема да се движите со исто темпо како луѓето околу вас.
Па, бесмислено е да се споредувате со другите.
Единствената споредба што треба да ја правите е со себе, односно да се потрудите да бидете подобра личност од вчера.
„Секој ден треба да бидам многу продуктивен/на“
Ако имате навика да си давате сто обврски секој ден, сигурно се чувствувате разочарано бидејќи не можете да ги реализирате сите.
Нема потреба секој ден да бидете екстра продуктивни и кога правите дневен план, бидете реалистични.
Подобро е да направите едно нешто, но да го направите добро, отколку да брзате низ бескрајната листа со обврски и ништо да не завршите како што треба.
„Штом не успеав од прва, треба да се е откажам“
Ретко кој успеал да оствари некоја голема цел при првиот обид.
Секој прави грешки и една грешка не треба да биде причина да се откажете од вашиот сон.
Кога ќе погрешите или ќе се соочите со неуспех, пробајте да извлечете некоја поука од целата ситуација и продолжете понатаму.
„Морам строго да се држам до планот“
Штом ќе направите план за некоја цел, не мора да значи дека никако не смеете да го промените.
Со текот на времето ќе научите нешто ново, ќе стегнете повеќе искуства и сосема возможно е да сфатите дека првичниот план не е најдобар.
Во ваквите ситуации, слободно променете го планот.
„Не сум доволно добар/а или паметен/на за да успеам“
Не заборавајте дека вие сте својот најголем критичар.
Мора да научите да верувате во себе и да престанете да се потценувате.
Тргнете ја настрана секоја лоша мисла за себе.
„Стојам во место“
Некогаш прогресот е невидлив од ваша перспектива.
Но, само запрашајте сте каде сте биле пред една година, а каде сте сега. Или, каде сте биле пред пет години, а каде сте сега.
Сигурно ќе ви стане јасно дека сте направиле значителен прогрес и дека воопшто не стоите во место.
Спирова С. | Црнобело