Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки?
Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време, тогаш еден совет ќе ви послужи за време на хотелскиот престој.
Секоја сезона од годината е добро време за патување, зарем не?
Ако сте од луѓето кои постојано се подготвени за пакување на куферите, тогаш оваа информација за безбедност при патувањата добро ќе ви дојде.
Доколку по пристигнувањето од хотелот сте во искушение веднаш да се распакувате и да ја ставите вашата облека во плакарите и фиоките во вашата хотелска соба, размислете двапати.
Професорот Чад Л. Крос, експерт за епидемиологија од Невада, вели:
„Плакарите и фиокарите во хотелите, слично како и другиот хотелски мебел, нудат одлични места за криење на тафтабитите.
Иако во мебелот има релативно пониска стапка на присутност на тафтабити во споредба со креветите, сепак треба да бидете внимателни каде ја ставате облеката“.
Тафтабитите се кријат во пукнатините од мебелот, па ако си ја ставите облеката таму, голема веројатност е да си ги однесете тафтабитите и дома.
Кога бирате каде да ја ставите облеката во хотел, најважно е да биде на површина која не е добро засолниште за тафтабити. Таков тип на површина се плочките на пример.
Тафтабити се вид паразит што се храни од крв, односно се хранат со луѓе ноќе, а во текот на денот живеат во близина на местата за спиење на нивните домаќини. Тие се нарекуваат и креветни бубачки.
Прочитајте и Вработена во хотел со предупредување: „Зошто никогаш не треба да го користите шампонот оставен во хотелските соби?“
С. С. | Црнобело / фото: freepik.com