Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот

„Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“.

lugje-otkrivaat-tajni-shto-nikogash-nema-da-im-gi-kazhat-na-sopruzhnicite-01.jpg

Сите луѓе имаат тајни - некои големи, некои мали.

Секако, и луѓето кои се во најсреќните бракови можно е да кријат по некоја тајна од нивните сопружници.

А, на BuzzFeed, неколку читатели решиле анонимно да ги споделат нивните тајни.

Некои тајни се дури и слатки, но некои сигурно би резултирале со развод доколку сопружниците дознаат за нив.

Дел од тајните на читателите:

„Го начекав сопругот како со брат му вежба како да ме запроси. Брат му дури носеше перика и еден од моите фустани.

Откако ме запроси, ме праша дали сум знаела и го излажав – му реков не. Никогаш нема да му кажам за тој момент“.

„Сопругата не го знаеше полот на нашето бебе пред да се породи, но јас го знаев. Никогаш нема да ѝ кажам дека го прашав лекарот зад нејзиниот грб“.

lugje-otkrivaat-tajni-shto-nikogash-nema-da-im-gi-kazhat-na-sopruzhnicite-03.jpg

„Пред некое време, бевме во толку лоша состојба со вереникот, што не можевме да си ги платиме сметките. Партнерот работеше по 13 часа секој ден, а мене не ми даваа смени на работа.

Родителите не можеа да ни помогнат, па почнав да се соблекувам пред камера во живо. Заработив над 100 долари за помалку од еден час и со тие пари платив за храна.

Не се соблекував целосно пред камера и со корисниците не зборував за интимни работи, но чудно ми е. Знам дека партнерот ќе се чувствува предадено и мразам што други мажи видоа дел од мене што треба да го гледа само тој“.

„Никогаш нема да ѝ кажам на сопругата, но фантазирам за мајка ѝ кога се самозадоволувам“.

„Парфемот што ѝ го купив на сопругата… Го купив бидејќи мириса како бившата девојка.

Исто така, не сум среќен со неа, но секојпат кога пробувам да разговарам за ова, таа е тажна и само се расправаме…“

lugje-otkrivaat-tajni-shto-nikogash-nema-da-im-gi-kazhat-na-sopruzhnicite-05_copy.jpg

„Никогаш нема да му кажам на сопругот дека ги мразам неговите деца од претходниот брак. Ги мразам уште откога ги запознав. Многу се поразлични од него“.

„Разведена сум, но сопругот мисли дека бракот со него ми е прв. Првпат се омажив кога бев многу млада и тој брак траеше само две години. Ова е тајна што ќе ја однесам во гроб“.

„Сопругот мисли дека завршив факултет. Но, се отпишав и последниот семестар лажев дека одам на факултет. Ова се случи пред пет години и уште не сум му кажала“.

lugje-otkrivaat-tajni-shto-nikogash-nema-da-im-gi-kazhat-na-sopruzhnicite-02.jpg 

„Шефот ме навлече на онлајн коцкање. Имам изгубено над 500 долари и уште не му кажувам на сопругот“.

„Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“.

„Во брак сме седум години и лажам за секој оргазам со сопругот, за да не се разочара“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg