8 знаци дека облеката е неквалитетна (и ќе се уништи по 2-3 носења)
Џемпери кои имаат повеќе акрил отколку природни материјали и несиметрични џебови – на кои работи треба да обрнете внимание кога купувате облека?
Без разлика колку пари планирате да потрошите, секогаш треба да обрнете внимание на квалитетот на облеката.
Начинот на којшто е зашиена, изгледот на копчињата, па и џебовите се работи кои е препорачливо да ги проверете пред да платите.
Осум знаци кои покажуваат дека е подобро да не ја купувате облеката:
Облеката е изработена од неквалитетен/несоодветен материјал
Ова е очигледно, но многумина не обрнуваат внимание на етикетата на облеката.
На пример, кога купувате џемпери, осигурете се дека материјалот не содржи акрил бидејќи може да ве чеша.
Кога купувате други парчиња, осигурете се дека најголем процент содржат природни материјали, како памук и лен.
Но, кога купувате облека за вежбање, подобри се синтетичките материјали бидејќи се сушат побрзо и не ја задржуваат влагата.
Забележувате грешки во шевовите
Ако облеката не е зашиена добро и забележувате кончиња што висат или нееднакви шевови, поголема е веројатноста да се скине по само неколку носења.
Копчињата не се добро зашиени
Ако од копчињата висат конци или ви изгледаат лабаво зашиени, кога-тогаш ќе се скинат.
На облеката има топчиња
На некои материјали, со текот на времето се појавуваат топчиња.
Но, ако уште во продавницата забележите дека облеката има вакви топчиња, тогаш веројатно не е квалитетна и не е препорачливо да ја купувате.