5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените)

Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја платите порцијата која тие добродушно ја даваат за здравје. Ножеви, огледала и други предмети кои носат несреќа не се препорачливи... Што не треба, а што може да однесете за слава?

5-raboti-shto-ne-treba-da-gi-podaruvate-na-domakinite-za-sv-nikola-i-so-shto-da-gi-zamenite-01.jpg

Свети Николај Чудотворец е голем празник во христијанството, а во македонските домови ова е најчестата слава која ја празнуваат семејствата на 19-ти декември.

Овој светец е заштитник на домот и на сиромашните, кој бил добродушен и приказните за него помогнале да се создадат легендите поврзани за Дедо Мраз.

Трпезата за Свети Никола секогаш е посна, а домаќините служат вечера за своите гости.

Па, доколку сте поканети на оваа слава, веројатно ве мачи што треба да однесете, а што не за домаќините.

5-raboti-shto-ne-treba-da-gi-podaruvate-na-domakinite-za-sv-nikola-i-so-shto-da-gi-zamenite.jpgфото: Бигорски

Избегнувајте да ги подарувате овие 5 работи:

Производи од животинско потекло (независно дали се купечки или домашни)

Со оглед на тоа што станува збор за божиќни пости, навреда е да се однесат месни и сувомесни производи кај домаќините на овој ден.

Слики со мрачни или тажни мотиви

Не е пријатно никому да носите на подарок уметничко дело кое прикажува тажни или мрачни дејствија, посебно не на слава.

Ножеви

Иако на прв поглед можеби ви личи на добар подарок да донесете сет квалитетни ножеви, сепак се верува дека има симболика на кавги и непријателство, па не е пожелно да го однесете на домаќини на слава.

Пари

Се смета дека парите не се соодветен поклон за слава, бидејќи делува како да сакате да си ја платите порцијата која домаќините добродушно ја даваат за здравје, од срце за своите гости.

Работи кои носат лоша среќа и сиромаштија

Подароци како огледало, празен паричник, парен број на предмети – луѓето кои се суеверни нема да бидат задоволни од ваков тип на подарок, посебно за слава.

5-raboti-shto-ne-treba-da-gi-podaruvate-na-domakinite-za-sv-nikola-i-so-shto-da-gi-zamenite-02.jpg

Што можете да подарите наместо нив?

  • Купечки посни колачи/бонбониера или други домашно подготвени слатки
  • Корпа со овошје и јаткасти плодови, кои се вклопуваат во посната трпеза
  • Шише вино доколку домаќините уживаат во пијалаци соодветни за постот
  • Сет чаши за пијалак кој се служи на славата
  • Икона со светецот кој се празнува во домот на домаќините
  • Цвеќе – букет или саксиско, никогаш нема да погрешите со овој дар за домот (но внимавајте да биде без трња)
  • Украси за домот со божиќни мотиви

М. М. | Црнобело

фото: CRNOBELO.com / генерирани со AI

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg