7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе
Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да бидете....
Ако не се сакате себеси и ако не се грижите самите за себе, кој ќе го прави тоа за вас?
Покажете си љубов и постојано потсетувајте се на овие 7 работи:
1. Не им се враќајте на старите навики само затоа што ви се познати.
2. Не „паѓајте“ психички ако работите не се одвиваат според планот.
3. Никогаш не барајте љубов - уживајте во животот, а тој ќе ви ја донесе љубовта на патот во вистинското време.
4. Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да бидете.
5. Вашиот позитивен или негативен став секогаш ќе биде основата врз која ќе градите сè во животот.
6. „Работете“ на себе само поради себе.
7. Бидете си доволни сами на себе - секое утро, секој ден, секое изгрејсонце, секоја ноќ - сè останато е бонус.