Пар од Србија, прогласен за контроверзен, води живот од соништата - патуваат секаде со 1-годишната ќеркичка
- Детали
- недела, 22 септември 2024
Од Париз до Дубаи, пар од Србија е уште еден доказ дека добивањето бебе не значи крај за патувањата и романтиката. „Најубавата и најпредизвикувачка година е зад нас. Не сме знаеле дека спиењето е тешка филозофија...“, напиша во една пригода српската инфлуенсерка Адријана Кадар Џехверовиќ, а потоа ги нагласи сите убави страни на родителството.
Српската инфлуенсерка Адријана Кадар Џехверовиќ со својот партнер Сава Џехверовиќ, брат на пејачката Теодора Џехверовиќ, води бајковит живот, кој постојано го прикажува на Инстаграм.
Од патувања со нивната едногодишна ќеркичка Доротеа до раскошни прослави, парот ужива во секој миг од животот.
По повод роденденот на ќеркичката во јули 2024-та Адријана на својот Инстаграм профил напиша:
„Најубавата и најпредизвикувачка година е зад нас. Не сме знаеле дека спиењето е тешка филозофија, ги совладавме прозорците на будност и од 10 дремки на ден дојдовме до една на ден.
Нема веќе пиење кафиња по кафулиња, спиење по 7 часа е луксуз, но нам ништо не ни го поправа денот како нејзината насмевка.
Некогаш ни недостига стариот животен стил, но имаме најсилна мотивација во животот сега.
Научивме да бидеме трпеливи и толерантни и свесни сме дека љубовта и слогата се најважни во домот, иако некогаш гориме од бес.
Сега сонуваме некои други соништа, ги менуваме плановите за иднината само за неа еден ден да ѝ биде поубаво.
Секој има право на избор во животот, но нашата одлука да станеме родители е најубавата одлука која можевме да ја донесеме. Се надеваме дека еден ден нашата ќерка ќе биде горда на родителите што ги има“.
Нивната љубовна врска поттикнува дебати во Србија поради разликата во години и фактот што Сава ја освоил Адријана на само 14 години, а тој имал 29 тогаш.