„Грозно, ја заведе кога имаше 14 години, сега скока од радост дека е бремена“ – Kритики до братот на Теодора Џехверовиќ
- Детали
- среда, 25 јануари 2023
„Се радувате на бременоста на девојчето на кое му бил испран мозокот кога имало само 14 години“ – стои во критиките упатени до братот на српската пејачка Теодора Џехверовиќ, Сава, кому му замеруваат затоа што ја завел 15 години помладата сопруга кога таа била ученичка, а тој професор во истото училиште.
Братот на познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ, Сава денес е во брак со инфлуенсерката Адријана Кадар и неодамна приредија забава за откривање на полот на бебето на која присуствуваа нивните најблиски.
Видеото на кое тој не ја крие радоста дека ќе стане татко на девојче, брзо се прошири на социјалните мрежи.
Секако, голем број нивни следбеници упатија честитки, но има и такви што го критикуваат Сава и не ја оправдуваат неговата врска со Адријана.
Otkrivanje pola deteta nešto najlepše na svetu 😍 pic.twitter.com/4KQh9DYWp8
-->-->— iskreni komentator (@iskrenikomentar) January 22, 2023
Тие мораа да потсетат дека братот на пејачката ја почнал врската со неговата сопруга кога тој имал 29 години, а таа била малолетно девојче.
„Преслатко, само што се радувате на бременоста на девојчето на кое му бил испран мозокот и коешто на оваа фотографија имало само 14 години, а тој 29.
Таа денес има само 21 годинa, а мозокот се развива до 25 години, значи има уште 4 години додека да созрее. За тоа, пак, како тој скокаше од радост затоа што ќе добие девојче не сакам ниту да говорам“ – стои во еден од твитовите.
preslatko, samo sto se radujete trudnoci devojcice koja je grumovana, koja je ovde imala 14 godina a on 29, koja DANAS ima samo 21 godinu, a mozak se razvija do 25te godine, znaci ima jos 4 godine dok ne sazri, i ovo kako je skakao od radosti jer je devojcica bolje da cutim https://t.co/iswu3Rcj8k pic.twitter.com/kc8ua1ezVy
— trisa takanava (@rhuzice) January 23, 2023
Од друга страна, Сава се огласи во медиумите за обвинувањата упатени до него и рече дека тој и неговата сопруга воопшто не обрнуваат внимание на ваквите коментари.
„Искрено, не следам Твитер ниту што се коментира на таа мрежа. Ја користам само за потребите на работното место, а другото воопшто не ме интересира.
Што се однесува до тие коментари, немам што да кажам, секој има право на сопствено мислење. Она што го мислеа тогаш, кога ние двајца ја почнувавме врската, ќе го мислат и сега, а ние го постигнавме она што го сакавме“ – рече тој.
За потсетување, Сава минатото лето се ожени со 15 години помладата инфлуенсерка Адријана Кадар, која ја запознал во училиштето каде што тој привремено работел како професор.
Прочитајте и Семејството на Теодора Џехверовиќ крие една тајна од јавноста – Зошто одлучиле да ги променат имињата на децата?
Повеќе фотографии од откривањето на полот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело