Семејството на Теодора Џехверовиќ крие една тајна од јавноста – Зошто одлучиле да ги променат имињата на децата?
- Детали
- вторник, 02 август 2022
Наводно Теодора Џехверовиќ била пресреќна кога нејзините родители одлучиле да ѝ го променат името. Како се викала атрактивната српска пејачка, пред да стане Теодора Џехверовиќ и зошто нејзиното семејство одлучило да ѝ го промени името и презимето уште додека била мала?
Српската пејачка Теодора Џехверовиќ (24), го привлече вниманието кај балканската публика по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, но и откако учествуваше во реалното шоу „Задруга“. Во еден период беше дел од популарната женска група „Đavolice“, а по распадот започна соло кариера.
Сепак, малкумина знаат дека на Теодора, која е родена во 1998-ма година во местото Качарево во Србија, ѝ било дадено сосема поинакво име.
https://www.instagram.com/p/CV3ARV2pmb9/?utm_source=ig_web_copy_link
Теодора е прво дете на Сеад и Гордана (Гоца) Џехвери - првично нејзините родители ја викале Суада Џехвери, а нејзиниот брат кој денес се вика Сава, се викал Сенад.
https://www.instagram.com/p/CX9Mv1kDSAZ/?utm_source=ig_web_copy_link
Нејзиниот татко е по потекло од Албанија, а тој влегол во конфликт со сопственото семејство откако одлучил да се ожени за мајката на Теодора која е Србинка.
Семејството прво живеело во Босна и Херцеговина, а потоа се преселиле во Србија, во родното место на мајката на Теодора, Качарево.
https://www.instagram.com/p/CU0TWpxtN4B/?utm_source=ig_web_copy_link
Таму, дошло до конфликт со семејството на мајката на Теодора и на крај морале да заминат во Белград. Тука, семејството одлучило да ги промени имињата на нивните деца, а презимето од Џехвери го променило во Џехверовиќ.
Целта била да им овозможи на Теодора и на Сава, (Суада и Сенад) полесно да се вклопат во средината и да бидат подобро прифатени од врсниците.
https://www.instagram.com/p/CT-Plf2t3ps/?utm_source=ig_web_copy_link
Членовите на групата „Đavolice“ во изјава за српските медиуми велат дека знаеле дека Теодора го променила името, а дека во нејзиното раскажување откриле дека била пресреќна кога родителите ѝ го промениле името и смета дека Теодора е позвучно од Суада и дека е подобро за нејзината кариера.
„Теодора беше пресреќна затоа што сметаше дека со такво име полесно ќе успее во животот. Од мала беше премногу амбициозна. Никогаш не говореше за промената на името, особено не откако ја започна музичката кариера. Таа информација ја знаат само неколку нејзини најблиски пријатели“ – пишува Republika повикувајќи се на сопствени извори.
Како и да е, Теодора денес има успешна балканска кариера и голем број обожаватели на Балканот. Се чини дека конечно ги остварила своите амбиции и успеа да изгради успешна музичка кариера.