Милје, машина за шиење: Kуќата на една бабичка (83) од Србија ќе ви врати спомени

„Мојата баба е жена која има 83 години и иако не се школувала доволно, таа е интелигентна и писмена жена...“, ја започнува Ана Васиљевиќ приказната за баба си.

milje-mashina-za-shienje-video-proshetka-vo-kukjata-na-edna-babichka-od-srbija-kje-vi-vrati-spomeni-01.jpg

Српската инфлуенсерка Ана Васиљевиќ на својот Инстаграм профил објави видео прошетка низ домот на нејзината баба.

Целиот ентериер ќе ве врати во едно минато, поедноставно и поубаво време.

milje-mashina-za-shienje-video-proshetka-vo-kukjata-na-edna-babichka-od-srbija-kje-vi-vrati-spomeni-02.jpg

Таа ја покажа и косата што баба ѝ си ја чува од 1971 година, кога била во 30-тите години. Ана и баба ѝ одлучиле да ја подарат косата за правење на перика за некое детенце, онколошки пациент.

Во видеото од домот на баба ѝ, Ана вели:

„Мојата баба е жена која има 83 години и е жена која се приспособила на секое време. Од селско дете станала градско и иако не се школувала доволно, таа е интелигентна и писмена жена.

Работела во позната фирма во нејзино време и од ‘кафекуварка’ станала шнајдерка.

И нема нешто што таа жена не знаела да сошие.

milje-mashina-za-shienje-video-proshetka-vo-kukjata-na-edna-babichka-od-srbija-kje-vi-vrati-spomeni-03.jpg

За жал, на 30 години останува вдовица и сфаќа дека низ животот мора да се бори сама со своите две деца.

Успеала да ја заврши семејната куќа која ја започнала со дедо ми и да ги образува двете деца. И ова е само дел од приказната од нејзиниот тежок живот.

milje-mashina-za-shienje-video-proshetka-vo-kukjata-na-edna-babichka-od-srbija-kje-vi-vrati-spomeni-05.jpg

Јас многу ги сакам нејзините старински работи како стара машина за шиење и мебел.

Таа сè сама чисти и одржува на 83 години. Навистина е многу уредна жена и кога некаде оди дотерана е од глава до пети.

milje-mashina-za-shienje-video-proshetka-vo-kukjata-na-edna-babichka-od-srbija-kje-vi-vrati-spomeni-04.jpg

А двоглед не прашувајте ме зошто има, мислам дека на сите им е јасно, дека тоа е природна улична камера“.

milje-mashina-za-shienje-video-proshetka-vo-kukjata-na-edna-babichka-od-srbija-kje-vi-vrati-spomeni-06.jpg

Видео прошетка:

Погледнете го и видеото каде бабата на Ана зборува за нејзината коса:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
По судењата против професорот кој ја силувал, Милена Радуловиќ во Шпанија – ја освои публиката, ужив... Глуми девојка со лузна, чија единствена цел е одмазда. Во слободно време ужива н...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Бившиот на Цеца очекува бебе со некогашната Мис Србија – се венчаа неодамна, таа е во добар однос со... Со фотка на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче и ехо снимка, Богдан Срејовиќ ...
Познати личности од Србија кои отворено зборуваат за проблемите со дрога и алкохол „Седев на гробишта и пиев ракија“ - изјави Весна Змијанац во една пригода. Кои п...
Лена од Србија на само 9 години прави бурек како професионалец: „Го научив занаетот од татко ми“ Лена од Обреновац, Србија, на само 9-годишна возраст работи како бурек мајстор в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg