Eмилија (21) од Србија за ракот на јајници: „Мислев дека ќе умрам во 20-тите, свршеникот ми беше светла точка“
- Детали
- сабота, 22 март 2025
„Животот ми застана во една секунда, барем тогаш мислев така. Ми беше шок што постои можност да умрам на 20 години“, вели Емилија Петровиќ (21), која успешно се избори со ракот на јајници.
Емилија Петровиќ (21), медицинска сестра од Панчево, Србија, минатото лето дознала дека има рак на јајници и вели дека во тој миг животот ѝ се променил од корен.
„Животот ми застана во една секунда, барем тогаш мислев така. Ми беше шок што постои можност да умрам на 20 години“, изјави таа за српските медиуми.
Нејзината исповед:
„Сѐ започна со циста за која веруваа дека е бенигна.
Првите две операции беа лапароскопски, но третата донесе комплетно поинаков резултат.
Мислевме дека повторно е бенигна, но тогаш ми отстранија 95% од јајниците, заедно со цистата.
Кога стигнаа резултатите, ми кажаа дека таа всушност е малигна и оттогаш започна мојата борба со ракот.
Веста прво ја споделив со татко ми и свршеникот, но не можев да ја прифатам реалноста.
Ми велеа дека сѐ ќе биде во ред, но јас не можев да се помирам со тоа дека сум болна.
Моите родители ја сфатија сериозноста на ситуацијата и веднаш реагираа.
Во петокот ја дознав дијагнозата, а веќе во понеделникот имав закажано докторски консултации и операција.
Не можам ни да замислам колку им беше тешко на моите родители. Да имаш дете со рак е страшно. Но, никогаш не се откажаа од позитивниот став и тоа ми даде сила.
За жал, многу пријатели се откажаа од мене. Престанавме да се дружиме. Очигледно не можеа да се носат со мојата дијагноза и се дистанцираа.
Ги разбирам, но јас никогаш не би оставила пријател во таква ситуација, тогаш се гледа кои ви се всушност вистински пријатели.
Најтешко ми падна губењето на косата затоа што имав коса до половината. Кога ми паднаа трепките и веѓите себеси си изгледав најболно.
Сакав да се затворам дома, но свршеникот ме извлекуваше надвор на ручек, на прошетки.
Носев капа секогаш и тој еден ден ми ја симна капата баш кога една жена поминуваше.
Таа ме погледна чудно, но тоа не ме навреди, туку ми даде ветер во грб.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





