Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Промени во однесувањето на другите кои ги сметаме за лоши, но можат да бидат знак за проблеми со менталното здравје

Дали некоја сакана личност одеднаш станала избувлива и се разгневува и за најмалите ситници? Тогаш можеби да се соочува со проблеми со менталното здравје кои пробува да ги скрие од сите околу неа.

promeni-vo-odnesuvanjeto-na-drugite-koi-gi-smetame-za-loshi-no-mozhat-da-bidat-znak-za-problemi-so-mentalnoto-zdravje-01.jpg

Со текот на времето, нормално е луѓето да се променат. Но некогаш промените во карактерот и однесувањето можат да бидат и знак дека на некоја личност ѝ треба помош, особено ако станува збор за лоши промени.

Ако забележите дека некој близок пријател ве избегнува, станал погневен или прави нешто што не е соодветно за неговиот карактер, можеби се соочува со некаков проблем, а со ова однесување, на некој начин, бара помош.

Проблемите со менталното здравје, како депресија, неретко предизвикуваат драстични промени во однесувањето на луѓето, па важно е да бидете свесни за нив со цел полесно да ги забележите кај вашите сакани. И, секако да им понудите помош.

Освен ако самите не сте се соочиле со сериозен проблем со менталното здравје, може да биде лесно да ги испуштите овие промени и знаци.

Затоа, неколку корисници на Редит споделуваат кои промени во однесувањето се всушност знак дека треба да ѝ помогнете на некоја сакана личност:

„Гневот е знак, особено ако станува збор за личност која обично не е гневна. Проблемот е што никој не сака гневни луѓе, па обично ова не се гледа како предупредувачки знак“.

„Работев во центар за спречување самоубиство и кога некој од депресивна и анксиозна личност, преку ноќ се претвораше во среќна и безгрижна, обично беше знак дека размислува за самоубиство.

Ова можеби звучи чудно, но се случува бидејќи кога личноста со депресија ќе одлучи да си го одземе животот, неретко чувствува еуфорија и олеснување“.

promeni-vo-odnesuvanjeto-na-drugite-koi-gi-smetame-za-loshi-no-mozhat-da-bidat-znak-za-problemi-so-mentalnoto-zdravje-02.jpg

„Голем знак е кога некој е избувлив – ако има проблеми со темпераментот или изгледа како да го разгневуваат и најмалите проблеми“.

„Обично кога ми се влошуваат симптомите на депресија, целосно се изолирам од пријателите и не се гледам со никого. Се затворам бидејќи се чувствувам ужасно“.

promeni-vo-odnesuvanjeto-na-drugite-koi-gi-smetame-za-loshi-no-mozhat-da-bidat-znak-za-problemi-so-mentalnoto-zdravje-06.jpg

„Знак дека треба да помогнете е кога некој ќе почне лесно да се откажува кога ќе се соочи со пречка. Кога некој постојано се откажува наместо да најде решение, најверојатно е знак дека се чувствува лошо и нема енергија да се справува со проблемите“.

„Ако некој постојано се извинува или презема вина за работи за кои не треба“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg