Промени во однесувањето на другите кои ги сметаме за лоши, но можат да бидат знак за проблеми со менталното здравје
„Ако некој престане да се грижи за својот изглед и почне да ја запоставува личната хигиена“.
„Претерано пиење алкохол, особено ако е личност која претходно не пиела многу“.
„Голем знак е ако некој престане да покажува интерес за она што го сакал – гејмер кој повеќе не сака видеоигри, градинар кој ја запоставил градината, дружељубива личност која одеднаш престанала да излегува…“
„Спиење по цел ден“.
„Кога некој почнува да плаче дури и без причина, дури и кога е на јавно место, може да биде знак дека чувствува толку силна болка, што веќе не може ни да ја крие“.
„Претераното споделување лични информации и зборувањето ’без филтер‘ одат рака под рака со депресијата“.
Ако ги забележите овие промени кај некоја сакана личност или ако забележите какво било однесување што не е својствено за неа, пред да ја осудите, разговарајте за ова.
Неретко луѓето со проблеми со менталното здравје се плашат самите да побараат помош и потребен им е поттик од блиска личност на којашто можат да ѝ веруваат.
Затоа, не двоумете се дали да почнете разговор со саканата личност и да ја понудите вашата помош.
Спирова С. | Црнобело