8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков

Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот денес не би бил таков каков што е.

8-izumi-koi-gi-sozdale-zheni-a-bez-koi-svetot-kje-beshe-sosema-poinakov-01.jpg

Имињата на многу жени изумители се во сенка на познатите мажи изумители. А без некои од предметите кои ги измислиле тие, животот би ни бил сосема поинаков.

Ова се дел од изумите што го променија светот, а зад кои стојат жени.

Жан Вилепру-Пауер - аквариум

Вилепру-Пауер е француски морски биолог, жена која во 1832 година ги создала аквариумите за експериментирање со водни организми.

Таа го измислила стаклениот аквариум за да може да ги набљудува агронаутите и докаже дека тие создаваат сопствена школка.

8-izumi-koi-gi-sozdale-zheni-a-bez-koi-svetot-kje-beshe-sosema-poinakov-09.jpg

Рут Грејвс Вејкфилд - колачиња со чоколадни парчиња

Рут била готвач, нутриционист и сопственичка на хотел.

Таа во 1930 година во тестото за колачи ставила парчиња чоколадо и прва ги направила популарните бисквит-колачиња со парченца чоколадо.

8-izumi-koi-gi-sozdale-zheni-a-bez-koi-svetot-kje-beshe-sosema-poinakov-05.jpg

Ненси Џонсон - апарат за правење сладолед

Џонсон правела сладолед на рака, но процесот бил долг и мачен, а во самиот сладолед останувале грутчиња.

Поттикната од тоа, таа измислила метален цилиндер во чија внатрешност има перки кои го собираат сладоледот од ѕидовите на садот, го матат брзо и ги разбиваат грутките.

Дизајнот го патентирала, а тој се користи и денес.

8-izumi-koi-gi-sozdale-zheni-a-bez-koi-svetot-kje-beshe-sosema-poinakov-03.jpg

Мелита Бенц - филтер за кафе

Пред Бенц да ги измисли филтрите, луѓето користеле платно за да го процедат кафето, но во течноста останувале многу парченца од талогот.

Во 1908 германската претприемачка почнала да користи хартија која „расте/се надува“ кога е натопена со течност и сфатила дека таа не ги пропушта парченцата кафе, туку само течноста.

8-izumi-koi-gi-sozdale-zheni-a-bez-koi-svetot-kje-beshe-sosema-poinakov-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg