Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни
Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил домот.
Секоја земја има нешто уникатно што не би го виделе на друго место.
Некогаш доволно е да прошетате по една улица во некоја нова држава и да најдете безброј ситници кои кријат цела приказна.
Неколку вакви детали од земјите ширум светот:
Црвени влезни врати во Шкотска
Не е реткост во Шкотска да налетате на црвена влезна врата. А, во повеќето случаи, ова значи дека сопственикот целосно го исплатил домот.
Црвената боја за влезната врата може да има и религиска симболика.
На пример, се верува дека ја чува куќата од ангелот на смртта.
Ова верување е инспирирано од библиската приказна за Мојсеј, кога ги спасил евреите од ропството на фараонот во Египет.
Ретро печки од 20-тиот век во некои европски држави
Во стари куќи во некои европски држави можете да видете ретро печки за подгревање храна.
Овие печки биле инсталирани на радијаторите и ја користеле нивната топлина.
Вграден фрижидер во држави од Советскиот Сојуз
Во ерата на Советскиот Сојуз, во многу домови се правеле вградени фрижидери на надворешните ѕидови од кујната (двете вратнички под прозорецот).
Овие фрижидери не работат на струја и се всушност шкафчиња кои се користат во зима, кога храната може да се излади од ниските температури надвор.
Мали врати во Фиренца
Малите вратнички (или прозорци) кои можете да ги сретнете низ Фиренца се користеле за продавање вино.
Продавањето преку овие прозорчиња значело дека нема потреба од продавница, а со тоа и плаќање даноци.
Дел од прозорците се активни и денес, па ако одите во Фиренца можете да си купите вино како во минатото.
Заѕидани прозорци во Англија
На бројни постари згради во Англија може да се забележи место каде што би требало да има прозорец, но е заѕидано.
Порано, ова навистина биле прозорци, но во 17-тиот век, Британците плаќале дополнителен данок за секој прозорец во домот.
Па, за да ги избегнат давачките, ги заѕидувале прозорците.
Ознака со феникс над влезните врати во Стокхолм, Шведска
Во делот на Стокхолм каде што има стари градби, можете да забележите дека над некои влезни врати има ознака на која се гледа феникс, како и круна.
Во минатото, оваа ознака чинела мало богатство и на некој начин покажувала дека во домот живее богато семејство.
А, бидејќи куќите биле изградени многу блиску една до друга, кога имало пожар, ознаката им покажувала на пожарникарите кои куќи да ги гаснат прво.
Предност имале оние со ознаката, односно богатите.
Отвор за млеко во САД и Англија
Денес сите купуваме млеко од продавница.
Но, во минатиот век, сопствениците на фармите во Англија и САД самите го доставувале млекото до куќите.
Па, повеќето куќи имале вградено вид мал тунел со две вратнички.
Млекарот имал пристап до вратничката однадвор преку која го ставал шишето со млеко во тунелот.
Спирова С. | Црнобело